Почетна » Новости » Занимливости » Мајка ги фотографира ќерките близначки за да ја прикаже убавината и магијата на детството

Мајка ги фотографира ќерките близначки за да ја прикаже убавината и магијата на детството

Мајка создава прекрасни фотографии од своите ќерки близначки за да ја прикаже убавината и магијата на детството. Лилија Алвадо била инспирирана да започне да се занимава со фотографирање од „ќерките херои“, кои преживеаја редок синдром пред раѓањето.

Фотографиите на Лилија Алвадо Фотографиите на Лилија Алвадо Фотографиите на Лилија Алвадо Фотографиите на Лилија Алвадо Фотографиите на Лилија Алвадо

„Уште од раѓањето на моите ќерки, развив страст кон фотографирањето. Моите ќерки ми се најголема инспирација за да учам и да ја следам оваа страст. Двете беа родени со шанси свртени против нив и издржаа низ многу предизвици. Целта ми е да ја нурнам мојата публика во непостојаните, безгрижни моменти на детството на кои сите се навраќаме со насмевка. Со секоја фотографија сакам да раскажам приказна за радоста која ја чувствувам кога одам на магичните места на кои само дете може да оди“ – објаснува фотографката за својата работа.

Фотографиите на Лилија Алвадо Фотографиите на Лилија Алвадо Фотографиите на Лилија Алвадо Фотографиите на Лилија Алвадо Фотографиите на Лилија Алвадо Фотографиите на Лилија Алвадо

Имено, во 30. недела од бременоста, Лилија добила лоша вест. Нејзините неродени ќерки Џулиет и Анабела страдале од синдром на трансфузија меѓу близнаци при кој едното од бебињата му ги дава сите хранливи состојки на другото и поради тоа се развива побавно. При оваа состојба и бебето кое ги прима хранливите состојки е во опасност, затоа што срцето му работи забрзано и може да престане да работи.

Лилија се породила во 35. недела од бременоста, а нејзините ќерки уште по раѓањето се соочувале со многу проблеми во развојот и говорот. Бидејќи успеале да се изборат за својот живот, Лилија ги нарекува Џулиет и Анабела херои и своја инспирација.

Фотографиите на Лилија Алвадо Фотографиите на Лилија Алвадо Фотографиите на Лилија Алвадо Фотографиите на Лилија Алвадо Фотографиите на Лилија Алвадо Фотографиите на Лилија Алвадо Фотографиите на Лилија Алвадо Фотографиите на Лилија Алвадо Фотографиите на Лилија Алвадо Фотографиите на Лилија Алвадо Фотографиите на Лилија Алвадо Фотографиите на Лилија Алвадо Фотографиите на Лилија Алвадо Фотографиите на Лилија Алвадо Фотографиите на Лилија Алвадо Фотографиите на Лилија Алвадо

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11221 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.