Почетна » Новости » Занимливости » Мајка ги фотографира своите деца за да ја покаже убавината која тие ѝ ја носат во животот

Мајка ги фотографира своите деца за да ја покаже убавината која тие ѝ ја носат во животот

Мајка преку прекрасни фотографии од своите три деца го прикажува магичниот свет кој тие го создаваат за неа.

Ноел Мирабела Ноел Мирабела

Ноел Мирабела започнала да се занимава со фотографирање откако пред речиси пет години нејзината прва ќеркичка се родила мртва. „Кога Ава умре, дел од мојот свет умре заедно со неа. Бев надвладеана од најнеподносливата тага која ти ја кине душата. Светот стана темно место за мене. Одлучив да се запишам на часови по фотографирање за почетници за да се присилам себеси да излезам надвор и повторно да побарам убавина и светлина во светот. Фотографирањето набрзо стана моја теапија“ – рекла таа.

Ноел Мирабела Ноел Мирабела Ноел Мирабела

Иако Ноел црпи инспирација буквално од сè, сепак невиноста и безгрижноста на нејзините деца и фактот што нивното детство нема да трае вечно се главните причини за да го вклучува својот фотоапарат.

„Трезвеното осознавање дека моите деца еден ден ќе престанат да ги креваат рацете кон мене, барајќи да бидат носени, или да бараат уште една приказна пред спиење, или уште едно гушкање, ме потсети дека овој период од нашиот живот нема да трае засекогаш. Тие ќе пораснат и ќе се соочат со суровата реалност во овој свет, а нештата околу нив ќе започнат да ја губат магијата. Засега, тие се само деца полни со љубопитност, љубов и надеж“ – пишува Ноел.

„Имам желба да ги прикажам моите деца онака како што само ја ги гледам. Постои еден голем свет и потоа постои еден прекрасен свет кој моите деца го создадоа и ми го донесоа. Сакам да им дадам поглед во тој свет. Овие фотографии се мој обид да ја портретирам убавината и магијата која моите малечки ја донесоа во мојот живот“ – додава таа.

Ноел Мирабела Ноел Мирабела Ноел Мирабела Ноел Мирабела Ноел Мирабела Ноел Мирабела Ноел Мирабела Ноел Мирабела Ноел Мирабела Ноел Мирабела Ноел Мирабела Ноел Мирабела Ноел Мирабела Ноел Мирабела Ноел Мирабела Ноел Мирабела Ноел Мирабела Ноел Мирабела Ноел Мирабела Ноел Мирабела

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9515 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.