Почетна » Новости » Занимливости » Матурантка го покани Двејн Џонсон да ѝ биде партнер за матура, доби изненадување од него

Матурантка го покани Двејн Џонсон да ѝ биде партнер за матура, доби изненадување од него

Смела девојка одлучи да го покани својот омилен актер да ја придружува на матурската прослава, но веројатно не очекуваше дека поканата ќе допре до него.

Кејти Келзенберг објави видео на Twitter во кое му се обраќа на Двејн Џонсон за да го покани на својата матура. Таа воопшто не мислеше дека на The Rock толку многу ќе му се допадне предлогот, што ќе најде начин да ѝ приреди слатко изненадување.

Додека 18-годишната матурантка седеше во школските клупи, преку звучниците во училиштето Џонсон ѝ се извини што не може да присуствува на матурата. Потоа ѝ соопшти дека изнајмил кино сала со 232 седишта во која таа и останатите ученици од нејзиното училиште ќе можат да го проследат неговиот најнов филм „Rampage“.

„Покани го семејството и пријателите, а сите пуканки, бонбони и сокови се на моја сметка“ – вели Џонсон во своето обраќање.

Погледнете ја реакцијата на среќната тинејџерка:

Кејти Кејти Кејти

„Посакувам да можев да бидам таму лично за да ти ја видам реакцијата на сето ова. Јас сум среќник што имам фанови како тебе“ – напиша Џонсон во описот на видеото од обраќањето до Кејти.

A post shared by therock (@therock) on

46-годишниот актер објави видео на Instagram по прикажувањето на филмот пред учениците.

A post shared by therock (@therock) on

Еве видео во кое Кејт го кани Двејн на матура:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.