Почетна » Новости » Занимливости » „Мамичке, ти ветувам дека ќе спиеш повторно“: Текст за мајките кои стануваат навечер за да ги дојат бебињата

„Мамичке, ти ветувам дека ќе спиеш повторно“: Текст за мајките кои стануваат навечер за да ги дојат бебињата

Мајките со мали бебиња најчесто го жртвуваат квалитетниот сон за да ги пресретнат потребите на нивните малечки. Бебињата се будат навечер не само за да цицаат или да се нахранат, туку и за да ја почувствуваат топлината и блискоста на нивните родители.

Блогерката Мелиса Острот со искрен текст им порачува на мајките кои се будат навечер за да дојат дека не се сами и дека наскоро повторно ќе спијат цела ноќ без прекини.

Мајка

Еј мамичке, дали се будеше синоќа? Дали се разбуди само еднаш, двапати, трипати, дваесет пати? Не грижи се, не си сама. И јас станував.

Мамичке, знам колку си уморна, бидејќи си како мене. Очите ти се затвораат, ти се лоши во стомакот, телото те боли. Не знаеш како ќе го преживееш денот, а не знам ниту јас. И пак, некако успеваме да го направиме тоа. Ги гледаме нашите бебиња и се прашуваме зошто? Зошто не можеш едноставно да спиеш?

Проблемот е што нашето општество ни вели дека бебињата треба да спијат мирно цело време. Ако не спијат, тогаш нешто не е во ред и треба да преземеме нешто во врска со тоа. Но, она што општеството не го зема предвид е дека никогаш досега не се очекувало бебињата да го прават тоа. Модерното општество верува дека бебињата треба да дојдат на овој свет и да прават малку врева, да научат самите да се смируваат, да цицаат на интервали и да спијат цела вечер.

Ова што не го земаат предвид е дека нашите бебиња само што поминале девет блажени удобни месеци во нашата утроба. Тие излегуваат и не сакаат ништо друго освен нашиот допир и утеха. Имаат потреба да бидат во наша близина, да ја чувствуваат нашата топлина, да го слушаат чукањето на нашето срце и да бидат на нашите гради.

Она што не им треба на бебињата е да бидат повиени во најновиот модел пелени, да бидат сместени во најдоброто креветче и да бидат оставени да сами да се снаоѓаат во овој нов свет. Ако повеќе се фокусираме на биолошките потреби на нашите бебиња, на нивната постојана потреба да цицаат и на нивниот копнеж за допир, ќе имаме помалку мајки кои се прашуваат дали нешто не е во ред со нивното бебе. Мораме да ги научиме мајките да имаат помали очекувања од нивните бебиња.

Ако бебето не сака да спие освен ако не го држиш и доиш 24/7 – и плаче само што ќе го спуштиш од твоите раце – честитки, имаш нормално бебе! Доењето на бебе е тешко и заморно (ох мамички, навистина е тешко!) и во ред е да го изгубиш разумот, но во ниту една секунда не помислувај дека бебето не ти е нормално. Ти ветувам мамичке дека повторно ќе спиеш. Можеби тоа нема да биде утре или во следните неколку месеци. Но, само знај дека не си сама и дека има многу мајки кои се будни во 3 часот наутро и се проѕеваат исто како тебе.

Мајка

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10291 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.