Почетна » Новости » Занимливости » Мало срце полно хуманост: Девојче со леукемија донира 1.300 играчки за деца болни од рак

Мало срце полно хуманост: Девојче со леукемија донира 1.300 играчки за деца болни од рак

Осумгодишно девојче со леукемија за момент заборави на својата болест и израдува деца кои водат тешка борба со ракот. Малата Сејди организира добротворна акција за да собере подароци за болни дечиња кои се принудени да го поминат Божиќ во болница.

Санката на Сејди

Тргнувајќи од помислата дека би била многу тажна доколку би требало да го прослави Божиќ во болница, Сејди одлучила да им го разубави празничниот ден на децата кои ја немаат истата среќа како неа да бидат во своите топли домови покрај семејството. Нејзе ѝ била дијагностицирана леукемија на почетокот на оваа година и поминала долги месеци во болница.

Со помош на мајка си, Сејди ја започна акцијата „Sadie's Sleigh“ (Санката на Сејди). Нејзината несебична постапка резултираше со околу 1.300 донирани подароци кои ќе измамат насмевка на лицата на многу болни деца.

Сара, мајката на Сејди, изјавила дека нејзината ќерка отсекогаш се грижела повеќе за желбите и потребите на другите, отколку за своите. „Таа е најгрижливото, најслаткото, најнесебичното девојче и отсекогаш беше таква. Таа отсекогаш се грижеше повеќе за тоа како другите се чувствуваат, отколку за себе, дури и пред болеста. Откако ѝ беше дијагностицирана леукемија, нејзината добрина засвети уште повеќе“ – вели таа.

Целта на Сејди била да собере 300 играчки, но на нејзина голема радост, добродушни лица донирале речиси 1.300 подароци.

„Изгледаше како нашиот дом да е продавница за играчки. Бев навистина среќна и им благодарам на сите кои ни дадоа играчки. Бев горда на тоа колку добивме“ – рекла Сејди.

Санката на Сејди Санката на Сејди Санката на Сејди

На дел од подароците биле прикачени и писма со лични искуства за борбата против ракот и охрабрувачки зборови за Сејди.

Традиционално, во болницата во која се лекувала Сејди, Дедо Мраз ќе им додели по три подароци на сите деца болни од рак.

Санката на Сејди Санката на Сејди

„Сметам дека таа е неверојатна. Убаво е да се сретнеш со пациент кој се справува со болеста со леснотија и кој го претвора тоа во нешто позитивно и ја користи дијагнозата за да направи разлика“ - изјавил специјалист од болницата и додал дека Сејди е одличен пример за сите други пациенти.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11200 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.