Почетна » Новости » Занимливости » Мал херој со големо срце: 3-годишниот Матео од Струмица ја донираше косата за деца болни од рак

Мал херој со големо срце: 3-годишниот Матео од Струмица ја донираше косата за деца болни од рак

Матео Витанов е мал херој со огромно срце.

3-годишното детенце од Струмица ја скрати својата долга коса и ја донираше за дечиња болни од рак. Хуманото момче цели две години ја растело косата и ја донираше сакајќи секое дете да биде среќно.

„Мојата инспирација како мајка од самиот почеток кога решивме да му чуваме долга коса, беше еден ден кога ќе решиме да ја скратиме косичката, да ја донираме за деца болни од рак. За секое дете да биде среќно“ – изјави неговата мајка Елена за Femina.mk.

Матео Витанов Матео Витанов Матео Витанов

Поради здравствени проблеми Матео повеќепати бил на онкологија и таму ги запознал дечињата кои поради рак ја изгубиле својата коса. Трогнати од малите борци, тој и неговите родители уште оттогаш одлучиле да го направат овој прекрасен гест.

Хуманоста на Матео е пример за сите нас и потсетник дека најчистите срца често чукаат во најмалите тела.

Матео Витанов Матео Витанов

Фотографиите се објавени со дозвола од родител.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26258 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.