Почетна » Новости » Занимливости » Мал гест со големо значење: Девојка со прегратка на баба која проси во Белград ја враќа вербата во човечноста

Мал гест со големо значење: Девојка со прегратка на баба која проси во Белград ја враќа вербата во човечноста

Фотографии направени на „Кнез Михајлова“ го растреперуваат и топлат срцето, зашто ја враќаат вербата во човечноста.

Направени од случаен минувач, фотографиите покажуваат девојка со ранец како разговара со баба која проси, а потоа тие искрено се прегрнуваат.

Девојка и баба Девојка и баба Девојка и баба

Владимир Чех го сподели малиот албум на Facebook и веднаш наиде на многу позитивни реакции за гестот на девојчето, но и коментари полни тага за ситуацијата во која се наоѓа бабата.

„Видов дека девојчето клечи и разговара со бабата. Кога се прегрнаа, срцето ми се стегна. Не сакав да им сметам и да им пријдам, туку само ги фотографирав. Инаку, бабата која проси секој ден е тука, недалеку од Српската академија на науките и уметностите“ - изјавил Владимир за српскиот медиум „Блиц“.

Жена, која ја препозна девојката, искоментира: „Овој излив на љубов баш личи на неа.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9486 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.