Почетна » Новости » Занимливости » Маж со емотивно писмо до сопругата: „Ти благодарам што го доиш нашето дете“

Маж со емотивно писмо до сопругата: „Ти благодарам што го доиш нашето дете“

Доењето е прекрасно искуство и создава нераскинлива врска помеѓу мајката и бебето. Иако мајчиното млеко содржи сè што му е потребно на новороденчето да се развива, понекогаш доењето може да биде вистински предизвик за новите мајки и тие преминуваат на адаптирано млеко.

Знаејќи ги сите проблеми како болката од испуканите брадавици и непреспаните ноќи, Камерон Спалдинг напиша емотивно писмо до својата сопруга, заблагодарувајќи ѝ се за посветеноста и сите жртви кои ги прави за да ја дои нивната мала ќеркичка.

Мајка дои бебе

Еј Мама,

Знам дека можеби ова звучи чудно што доаѓа од мене, но што се однесува до мене, ти ја заслужуваш титулата. Ти си најдобрата мајка која ја имам видено. Навистина се одушевувам кога те гледам што правиш.

И сакав да ти го кажам тоа.

Сакам да го признам тоа во овој момент.

Па, еве сум, седам во кујната додека нашето малечко спие во креветчето и ти си свиткана на каучот. Сакав само да ти ги кажам неверојатните нешта на кои бев сведок во изминативе неколку недели.

Начинот на кој се грижиш за нашето бебе е инспиративен.

Начинот на кој ја негуваше додека таа беше во тебе е доказ за љубовта која ѝ ја даде за време на нејзиното раѓање. Гледајќи те додека ја носеше на овој свет бев премногу горд на тебе и на твојата решителност.

Сега, кога те гледам додека ја доиш во раните утрински часови, одушевен сум. Одушевен од тебе и од твојата непоколеблива посветеност кон нашето дете.

Ти благодарам што си толку добра мајка. Ти секогаш ги поместуваш границите и јас тоа го гледам. Се надевам дека го знаеш тоа.

Начинот на кој му пристапуваш на доењето како шампион ме исполнува со гордост.

Гледајќи те додека ја доиш нашата ќерка ме поттикна повеќе да ја почитувам врската мајка-ќерка.

Ја сакам нашата мала ќеркичка до најмалиот атом, но верувала или не, не можам да направам ништо приближно до тоа што го правиш ти. Пробав, но невозможно е.

Начинот на кој твоето тело го прави колострумот и потоа се променува за да се прилагоди на потребите на бебето е доказ дека ти си апсолутно најдобрата мајка за нашето бебе. Твоето тело е навистина неверојатно, во секоја смисла на зборот. Ти благодарам што му веруваш дека ќе го направи најдоброто за неа.

Но, да бидеме комплетно искрени, ако нешто се случи и ти не можеш да ја доиш онолку време колку што сакаш, тоа е во ред според мене. Комплетно. Јас сум тука за да те поддржам 100%. Не постои мапа во животот која не ја менува насоката одвреме-навреме. Ние секогаш ќе го правиме најдоброто за неа и за нас двајцата. Даваме сè од себе и тоа го правиме секој ден.

Начинот на кој се справуваш со препреките е импресивен.

Како кога му се спротивстави на менаџерот на ресторанот кога ти кажа да доиш на друго место. Жал ми е што тој беше толкав идиот. Ти беше во право што му одговори така, кога ти рече дека тоа што го доиш нашето дете „им смета на другите гости“.

Или како болката на испуканите брадавици. Можеби не знам какво е тоа чувство, но не замислувам дека е пријатно како прошетка во парк. Дозволи ми да ти донесам крем за брадавици од продавницата ако ти треба. Само кажи ми каква да купам и веднаш тргнувам.

Или кога се обидуваше да ја натераш да цица правилно. Јас се фрустрирам додека да сфатам на кој аларм против пожар му треба нова батерија (проклето непрестајно титкање), па не можам да го замислам притисокот што го чувствуваш кога се обидуваш да ја наместиш да цица на дојката додека таа силно плаче. Се надевам дека јас не ти создавам дополнителен притисок. Сметам дека се справуваш одлично и дека се снаоѓаме заедно, ден по ден.

Или кога си будна во сите часови од ноќта и го доиш нашето девојче и немаш воопшто спиено. Се чувствувам немоќен во такви моменти. Знам дека ти помага тоа што ги мијам садовите и се грижам за домот, но тоа е неспоредливо со тоа што ти го правиш. Ветувам дека ќе ти помагам да дремнуваш во секој момент кога е тоа можно.

Немој да дозволиш овие препреки да те запрат. Ти си многу силна.

Тоа што си отворена и искрена со мене прави уште повеќе да се поврзам со тебе и со нашето бебенце.

Ти благодарам што ми кажуваш кога се чувствуваш неудобно или преоптоварено. Нема ништо лошо во тие чувства и искрено твоите емоции и чувства се најважен приоритет за мене во моментот. Сакам да знам како се чувствуваш.

Знам дека сите очекуваат новите мајки да прават салто наназад додека истовремено дојат и пишуваат блог за тоа колку е прекрасно новото кафуле или новиот јога клуб погоре на улицата. Да бидеш извор на храна е тешко и понекогаш може да биде неблагодарно.

Но, се надевам дека ова не е еден од тие моменти.

Па, сакав да ти кажам, ти благодарам душо.

Ти благодарам што се посвети со целото тело во овој процес. Ти благодарам што си сите овие ноќи со неа, хранејќи ја, буквално давајќи ѝ по малку живот секој пат кога го правиш тоа. И најмногу од сè, ти благодарам што ми дозволи да бидам дел од тоа – да бидам нејзин татко и твој партнер.

Ме одушевуваш. Секој ден.

P.S. Разбуди ме ако ти требам. Само затоа што грчам не значи дека не сум таму за тебе. Само дај ми минута за да се свестам каде се наоѓам...

Со љубов,
Твојот сопруг

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10345 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.