Почетна » Новости » Занимливости » Маж ѝ рече на мајка која си го доеше бебето во ресторан да се покрие, нејзината реакција стана хит

Маж ѝ рече на мајка која си го доеше бебето во ресторан да се покрие, нејзината реакција стана хит

Маж побара од мајка која го доеше своето бебенце во ресторан да се покрие бидејќи не било пристојно, а нејзината реакција стана вирален хит.

Имено, мајката го зеде бебешкото ќебенце и си ја покри главата и продолжи јавно да го дои 4-месечното бебе.

Приказната на Facebook ја сподели Керол Локвуд, а мајката на фотографијата е снаа на нејзина пријателка.

„На снаата на моја пријателка ѝ беше речено да се покрие додека го доеше нејзиното бебе, па таа тоа и го направи! Никогаш не сум ја запознала, но сметам дека е НЕВЕРОЈАТНА! Преку глава ми е луѓето да ги засрамуваат жените бидејќи дојат“ – стои во описот на фотографијата.

Постот стана хит на социјалните мрежи и ја подели јавноста. Додека едни ја поддржуваа и охрабруваа, други ја критикуваа, коментирајќи дека треба да биде малку подискретна.

„Треба да можеш да ги доиш бебињата кога тие се гладни и да не се чувствуваш лошо за тоа. Тоа е природна работа.“

„Повеќето жени се покриваат, но ако изберат да не се покриваат, тогаш луѓето кои се навредени треба да гледаат настрана, а не да зјапаат. Дури ни децата не зјапаат толку многу колку што зјапаат возрасните.“

„Ми се допаѓа ова. Време е некои луѓе да сфатат дека градите се за хранење на бебињата, а не само сексуална играчка.“

„Смешно е што маж се побуни за ова, но ако тој видеше полугола девојка на улица, немаше да има проблем со тоа. Таа треба да го нахрани своето бебе и ако тоа прави да се чувствуваш неудобно, тогаш замини си.“

„Се обложувам дека ако бебето не беше прицврстено на градата за да се храни, тој немаше да има проблем со тоа. Градите се направени за да ги хранат бебињата, тоа е нивната намена. Пред многу години градите не беа толку сексуализирани како што се сега. Тие се сметаа за начин за жените да ги хранат своите деца.“

„Нема ништо лошо во доењето, но сметам дека мајките треба да се покриваат себеси, не нивните глави, туку изложената област.“

„Сè уште сметам дека има време и место за доење и нема ништо лошо во тоа да сакаш да бидеш малку дискретен за тоа.“

„Го почитувам и охрабрувам доењето, но кога се прави толку недискретно на некој начин ги намалува приватните моменти кои треба да постојат помеѓу мајката и бебето. Луѓето не се животни кои само лежат и дојат кога било и каде било“ - се дел од коментарите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8879 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.