Почетна » Новости » Занимливости » Куќичката на новогодишните желби во Веро – директна врска со Дедо Мраз

Куќичката на новогодишните желби во Веро – директна врска со Дедо Мраз

Повеќе од сто дечиња на Дедо Мраз му ги кажаа своите новогодишни барања и желбите кои тој треба да им ги исполни, влегувајќи во „Куќичката на новогодишните желби“ која специјално за нив беше поставена во Веро центар. Внатре ги пречекуваше џуџето, помошникот на Дедо Мраз во неговата работилница, кое трпеливо ги слушаше детските желби и одговори на интересни прашања, кои потоа вети дека ќе му ги пренесе на најпознатиот исполнувач на соништа.

Родителите и другите посетители на Веро центар ги следеа нивните искрени и забавни одговори на екранот поставен пред куќичката. „Што сакаш да ти донесе Дедо Мраз годинава“, „Каде сакаш да те однесе со неговата санка“, „Каква облека носи Дедо Мраз кога е на плажа“, беа само дел од прашањата на кои дечињата дадоа многу забавни одговори.

„Во Куќичката на желби дечињата ги кажаа своите најискрени новогодишни желби. Ние ви посакуваме во Новата година да бидете опружени со љубов, топлина, убави зборови, прегратки, незаборавни моменти споделени со најблиските. Сè ова нека биде на едно место - во кругот на вашето семејство. Радувајте се на секој момент поминат со вашите најблиски, на секоја споделена насмевка, изразена љубов, одбележан значаен датум, на секој заеднички ручек, на времето поминато во забавен семеен шопинг. Веро ви посакува безброј вакви семејни моменти во 2017 година. Уживајте во секој од нив“ – велат од менаџментот на Веро.

Куќичката на новогодишните желби беше дел од многубројните предновогодишни забавни активности кои Веро ги организираше за своите посетители, особено за најмладите. Освен забавата во куќичката на новогодишните желби, децата поминаа интересно време и во работилницата на Дедо Мраз, каде што му помагаа да ги спакува подароците кои треба да ги подели на новогодишната ноќ. Истовремено и се фотографираа со нивниот омилен лик за Нова година. Предновогодишните настани во Веро центар ги посетија стотици граѓани.

Во продолжение погледнете го забавното видео од „Куќичката на новогодишните желби“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10599 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.