Јанко Пенафорт повторно ги одушеви своите македонски фанови.
Колумбиецот, кој пее на македонски, овој пат ја изведе „Македонско девојче“ со помош на јужноамерикански инструменти и доби бројни комплименти.
Иако нема потекло од нашата земја, Јанко со својот бенд ги шири нашите песни со цел, како што вели тој, „повеќе луѓе во светот да слушнат колку е прекрасна македонската музика“.
„Јас немам македонски корени, јас сум роден тука, во Богота. Мојот татко е роден тука во Богота, во Колумбија, а мојата мајка е од Украина. Сега сакам да пеам за вас една од најубавите македонски песни со моите традиционални јужноамерикански инструменти“ – вели тој на почетокот од видеото.

