Зухаир Мурад недискутабилно е моден волшебник, кој секоја жена може да ја претвори во вистинска принцеза. Па, кога бил ангажиран за свадбата на Рабих и Гинва, јасно било дека невестата ќе изгледа зашеметувачки убаво.
Невестинскиот фустан со блескави декорации идеално се вклопи во раскошната сала во Бејрут, украсена со мини замоци, илјадници осветлени кристални птици и стотици илјади цвеќиња.




Самиот Мурад беше присутен на прославата и позираше со среќната невеста.

















