Почетна » Новости » Занимливости » „Кога би можела да те задржам мала...“ Видео кое буди емоции во секоја мајка

„Кога би можела да те задржам мала...“ Видео кое буди емоции во секоја мајка

Естер Андерсон ги разнежни родителите ширум светот со своето последно видео.

Познатата блогерка со помош на своите малечки ќеркички сними видеозапис во кој прикажува колку сите мајки копнеат да ги зачуваат своите дечиња мали, но истовремено, колку се среќни што имаат можност да ги гледаат како растат во прекрасни личности.

Кога би можела да те задржам мала, би ти пеела приспивни песни.
Но тогаш, би го пропуштила твојот настап на твојот концерт.

Кога би можела да те задржам мала, би те врзала цврсто на лулашката.
Но тогаш, би го пропуштила твоето нишање на гранките од дрвјата.

Кога би можела да те задржам мала, би ти избирала алишта кои се складни.
Но тогаш, би го пропуштила моментот кога ќе избереш точкест принт за горе и риги за долу.

Кога би можела да те задржам мала, би ти го сечела лебот во разни форми.
Но тогаш, би го пропуштила моментот кога ќе дознаеш: „Еј, сакам кечап со грозје“.

Кога би можела да те задржам мала, би ти ја држела раката каде и да одиме.
Но тогаш, би пропуштила дека знаеш „Јас можам да одам... ти остани“.

Кога би можела да те задржам мала, би ти ги бакнувала твоите гребнатинки и исеченици.
Но тогаш, би пропуштила ти да учиш од сопствените грешки.

Кога би можела да те задржам мала, би ти кажувала приказни секоја вечер.
Но тогаш, би пропуштила ти да ги читаш зборовите кои ги научи од гледање.

Кога би можела да те задржам мала, би ти избрала едно или две другарчиња.
Но тогаш, би пропуштила ти да си најдеш другачиња кои ги сакаш и кои те сакат тебе, исто така.

Кога би можела да те задржам мала, би те летала со моите нозе.
Но тогаш, би пропуштила кога ти ќе ги гледаш небото и облаците од твоето седиште.

Кога би можела да те задржам мала, би си спиеле во шаторчето сред ден.
Но тогаш, би пропуштила ти да ми ги раскажуваш авантурите од кампувањето со другарчињата.

Кога би можела да те задржам мала, би те чувала блиску до мене.
Но тогаш, би го пропуштила твоето растење во личноста која сакаш да бидеш!

Видеото е инспирирано и ги вклучува зборовите од книгата „If I Could Keep You Little“, од Мариен Ричмонд.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11173 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.