Почетна » Новости » Занимливости » Кенијка основаше компанија која го претвора пластичниот отпад во екстремно издржливи плочки

Кенијка основаше компанија која го претвора пластичниот отпад во екстремно издржливи плочки

Нзамби Мати со причина беше избрана за „млад шампион на Земјата за 2020 година“ од страна на Обединетите Нации.

Не можејќи да чека повеќе властите да преземат мерки за проблемот со загадувањето со пластика, инспиративната Кенијка создаде компанија која го трансформира пластичниот отпад во екстремно издржливи плочки.

Нзамби Мати Нзамби Мати Нзамби Мати

Таа заедно со својот тим го собира пластичниот отпад кој не може повеќе да се рециклира и го меша со песок во машина на многу висока температура. Потоа смесата се оформува во плочки. Според Мати, нивниот краен продукт е пет до седум пати поцврст од бетонот.

Нзамби Мати Нзамби Мати

Компанијата „Gjenge Makers“ беше регистрирана во 2017 година и оттогаш има рециклирано 20 тони пластичен отпад. Нивна мисија е да создадат достапни и одржливи алтернативни материјали за градење, да отворат нови работни места за млади лица и жени, како и да ја зголемат културата на рециклирање во Кенија и Африка.

Нзамби Мати Нзамби Мати Нзамби Мати Нзамби Мати Нзамби Мати Нзамби Мати

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11301 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.