Почетна » Новости » Занимливости » Како до совршена фризура со употреба на пегла за коса?

Како до совршена фризура со употреба на пегла за коса?

Секоја жена (особено оние со кадрици) сонува за она утро кога ќе се погледне во огледало и ќе утврди дека нема потреба од користење на некои третмани за нејзино дополнително исправување на нејзината коса. Пеглата за коса за секоја жена претставува скапоцен и незаменлив додаток во нејзиното секојдневие, која што воедно придонела за вовед во светот на бескрајни и уникатни фризури.

Пеглата за коса повеќето знаат дека е наменета само за исправување на коса, но сепак со овој додаток може на многу начини да се екпериментира и да се постигнат доста посакуваните и совршени фризури. Исто така, пеглата за коса го постигнува она чувство на сигурност и самодоверба кај сите жени и им овозможува огромна супериорност во својот изглед и можност за доминантност во екпериментирањето со нови и уникатни фризури.

Фризури со пегла

Затоа, доколку имате пегла за коса, тогаш воопшто не треба да се грижите како ќе изгледа вашата коса за време на посебните прилики, бидејќи со овие чудни техники ќе добиете сè што ви е потребно. Освен тоа што пеглата за коса може да ви помогне вашата коса да биде потполно права, со нејзе можете да направите и многу други, гламурозни фризури и тоа без некој поголем труд. Погледнете кои фризури можете да ги направите со нејзина помош.

Права коса

За да имате потполно сјајна права коса, не мора да го поминете секој прамен по 1.000 пати. Најнапред, поделете ја вашата коса на два дела и започнете со долниот дел. Пред да започнете да ја исправувате, задолжително нанесете средство за заштита на косата од топлина, но и средство за третирање на краевите на косата, кое ќе придонесе таа да изгледа убаво и сјајно по исправувањето. Многу е важно вашата коса да не биде влажна во текот на процесот, па ако е потребно, исушете ја со фен. За потполно да ја исправите вашата коса, со раката издвојте дел од косата, а потоа поминете со пресата од коренот, па сè до краевите, но со лесни движења. На тој начин ќе биде доволно само еднаш да ја испеглате за таа да биде потполно права, без поголеми оштетувања. Кога ќе ја исправите косата, никако не поминувајте со прстите низ неа, бидејќи така само ќе ја разбушавите и таа нема да остане сосема права.

Брановидна коса

Постојат повеќе начини да ја навиткате вашата коса со помош на пегла, со минимални оштетувања. Многу е важно пред да започнете со третирање на косата, на неа да нанесете спреј кој ќе придонесе за нејзино побрзо виткање. Кога ќе започнете со правење на локните, најнапред издвојте еден прамен, ставете ја пресата неколку сантиметри подалеку од коренот, а потоа како што ќе „пеглате“ надолу, нежно извртувајте го праменот. Завртувајте ја пеглата како што ќе ја спуштате низ праменот, сè додека тој не добие брановидна форма.

Фризури со пегла

За да постигнете подобри резултати, благо задржете ја пресата на секое преминување. Кога ќе завршите со правење на локните, почекајте вашата коса малку да се олади, а потоа разбушавете ја со прстите. Никако немојте да ја чешлате после овој третман, бидејќи нема да изгледа разбушавено туку како слама. По третманот, додадете малку шампон за суво миење на косата или спреј за краевите, со цел тие да не изгледаат премногу бушаво.

Ситни локни

Доколку сакате да имате ситни локни во стилот на грчка божица, треба да издвоите малку повеќе време. Меѓутоа, постапката не е премногу тешка, бидејќи сè што треба да направите е од издвоените делови да сплетете ситни плетенки. Откако ќе ги исплетете плетенките, преку секоја од нив поминете со пеглата за коса за да ја зацврстите. Запомнете, што побавно, тоа подобро, бидејќи на тој начин ефектот ќе биде подобар. Откако вашите плетенки ќе се оладат, внимателно расплетете ги и растресете ја косата, за таа да добие волумен. Немојте да ја чешлате, бидејќи од тоа ќе изгледа како слама, а доколку и покрај тоа таа се разбушави, нанесете малку крема за обликување и немојте да се грижите, бидејќи ќе изгледа феноменално.

Необична пунџа

Пеглата за коса може да ви помогне и за да направите мазна и елегантна пунџа. Сè што е потребно е да напрскате малку спреј за коса на неа, за да ѝ дадете сјај, а потоа да ја врзете во високо коњско опавче. Кога ќе ја соберете во опавче, поминете со пеглата низ него за да го исправите, а потоа направете облик каков што посакувате. Косата зацврстете ја со шноли, но така што самиот крај на опавчето да виси. За вашата коса да биде потполно мазна, сè што треба да направите е уште еднаш да поминете со пеглатата преку крајот што виси и да додадете малку лак, за да ја фиксирате својата фризура.

Фризури со пегла

Пеглата за коса ви овозможува да достигнете чувство на семоќност и придонесува да самите вие бидете професионалци за вашата коса со бескрајни можности за нови и уникатни фризури. Особен ефект за постигнување на долго посакуваната фризура се овозможува со керамичките плочки на пеглата кои што придонесуваат за дополнителен мазен и сјаен слој на вашата коса. Доколку се уште се двоумите дали да почнете да го користите ваквиот додатоки за тоа каква пегла за коса да купите, можете да го посетите официјалниот Фејсбук профил на VIVAX Македонија каде што ќе го воочите разновидниот асортиман на ваквите омилени додатоци кај женската популација, и тоа на следниов линк: https://www.facebook.com/VivaxMacedonia/?fref=ts

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11169 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.