Почетна » Новости » Занимливости » Историја: Србинката Јелена Тодоровиќ е прва жена-тренер на професионален машки кошаркарски тим од Бразил

Историја: Србинката Јелена Тодоровиќ е прва жена-тренер на професионален машки кошаркарски тим од Бразил

Јелена Тодоровиќ испишува историја.

Атрактивната Србинка стана прва жена којашто ќе тренира машки професионален кошаркарски тим од Бразил. 31-годишната спортистка ќе биде главен тренер во клубот Fortaleza Cearense во најјаката кошаркарска лига.

Јелена Тодоровиќ Јелена Тодоровиќ

Јелена, која во минатото го носеше дресот на Црвена Ѕвезда и беше прогласена за Мис Австралија, со години учеше од најдобрите тренери во Европа и светот, а сега ќе може да го пренесе своето знаење.

Тодоровиќ сака да инспирира и други девојки да го следат својот сон.

„Ако мојата траекторија може да ѝ покаже макар на само една девојка дека нејзините соништа се возможни, тогаш јас веќе победив“ – рекла таа.

Јелена Тодоровиќ Јелена Тодоровиќ

Во светот на кошарката, во кој доминираат машки тренери, Јелена е меѓу ретките жени кои успеале да се истакнат.

Јелена Тодоровиќ

Успешната спортистка е родена во Србија, а во 2000 година се преселила со семејството во Австралија.

„Беа лоши времиња... тежок период. Мојот град Белград беше бомбардиран во 1999 година, па моравме да заминеме. Австралија ме прифати и ми даде втор дом за што сум многу благодарна. Многу ја сакам Австралија“ – рекла таа за време на натпреварот за убавина Мис Австралија.

Јелена Тодоровиќ Јелена Тодоровиќ Јелена Тодоровиќ Јелена Тодоровиќ Јелена Тодоровиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28148 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.