Почетна » Новости » Занимливости » Инспиративна љубовна приказна од Балканот: „Не ни се потребни раце за да се прегрнуваме. Ние се гушкаме со срцето“

Инспиративна љубовна приказна од Балканот: „Не ни се потребни раце за да се прегрнуваме. Ние се гушкаме со срцето“

Дејана Бачко и Суљо Керановиќ се инспиративен пар кој мотивира и одушевува со позитивната енергија. Дејана, која е родена без раце, и Суљо, кој има една рака, наскоро ќе ја прослават првата годишнина од својата врска, а нивната љубовна приказна го освои Балканот.

„Не ни се потребни раце за да се прегрнуваме. Ние се гушкаме со срцето“ – пишуваат тие во описот на неодолива заедничка фотографија.

View this post on Instagram

A post shared by (@devojka_sa_krilima_) on

Дејана и Суљо

„Нашата љубов ни е инспирација за фотографиите кои ги објавуваме на социјалните мрежи. Се обидуваме да ги разбиеме предрасудите за лицата со инвалидитет. Не е срамота да имаш инвалидитет и можеме да бидеме среќни, без разлика на тоа што сме ‘поразлични’. Имаме и наша цел, а тоа е да ги мотивираме луѓето околу нас и да им укажеме на тоа дека во животот најважна е среќата“ – изјавил Керановиќ.

„Ние се држиме за раце на наш начин“ – велат среќните партнери.

Дејана и Суљо Дејана и Суљо

24-годишната Дејана е позната како девојката со крилја, поради нејзиниот непокорлив дух и упорност. Таа денес е академски образована ликовна уметница и слика со помош на нејзините нозе. Минатиот месец инспиративната девојка се закити и со златен медал на Светското првенство во пара таеквондо.

Дејана успешно ги руши сите препреки во животот и не се откажува. „Се борам, без оглед на тоа каков недостаток имам. Никогаш не се откажувам пред препреките или осудувањето од околината, тоа дури ме тера и да се борам уште повеќе. Кога бев малечка, се враќав дома расплакана, бидејќи сите ме исмејуваа: ‘Ти немаш раце’. Ме покажуваа со прст. Тогаш барав рака од мајка ми. Но сега, немам таква потреба. Сите ме прашуваат дали сакам протези или нешто слично. Им велам не. Во тој случај веројатно би била поинаква. Не би била ова што сум и не би била борец“ – вели Дејана.

Дејана и Суљо Дејана и Суљо Дејана и Суљо Дејана и Суљо

Дејана и Суљо се запознале случајно на автобуска станица. „Додека чекавме автобус со мојата пријателка, видов едно момче кое ме гледаше и забележав дека е личност со инвалидитет. Му пријдов и му пружив насмевка наместо рака“ – вака Дејана ја опишува нивната прва средба. Тие си размениле контакти и по четири месеци започнале да се допишуваат.

Денес, тие заедно тренираат таеквондо, а Дејана го учи својот сакан и да слика.

Дејана и Суљо

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12013 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.