Почетна » Новости » Занимливости » Индиец освои награда од 1 милион долари за најдобар наставник, половина од парите ќе им ги донира на колегите

Индиец освои награда од 1 милион долари за најдобар наставник, половина од парите ќе им ги донира на колегите

Наставник од Индија ја освои Глобалната награда за наставници во вредност од 1 милион долари и одлучи да ја сподели со колегите-финалисти.

Ранџитсин Дисале победи 12.000 наставници од 140 земји за да ја освои титулата „Најисклучителен наставник на светот“. Тој е првиот Индиец кој ја добива престижната награда.

Погледнете видео од неговата реакција кога Дисале ќе слушне дека е победник:

Видео

32-годишниот просветен работник предава во училиште во индиско село и максимално посветено се залага за подобрување на образованието на девојчињата. Тој исто така им држи онлајн лекции на ученици од 83 земји и е носител на меѓународни проекти кои ги поврзуваат младите луѓе од конфликтните зони.

Дисале веќе им има подарено половина од парите на останатите девет финалисти.

Видео

„Пандемијата со КОВИД-19 влијаеше на образованието и на заедниците на мноштво начини. Но, во овие тешки времиња, наставниците даваат сè од себе за секое дете да има достап до добро образование. Наставниците се вистински носители на промени во животите на нивните ученици. Тие секогаш веруваат во давањето и споделувањето. Поради тоа, со задоволство објавувам дека ќе споделам 50% од наградата еднакво помеѓу моите колеги од топ 10 финалистите за да ја поддржам нивната неверојатна работа. Верувам дека заедно можеме да го промениме овој свет, бидејќи споделувањето е растење“ – рекол Ранџитсин.

Ранџитсин Дисале Ранџитсин Дисале

„Преку споделувањето на паричната награда, ти го учиш светот на важноста на давањето. Сега те охрабрувам да ја искористиш оваа платформа за да им дадеш глас на сите наставници“ – рекол основачот на „Global Teacher Prize“.

Ранџитсин Дисале

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11169 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.