Почетна » Новости » Занимливости » „Името на мајка ми е...“: Моќна кампања за Денот на мајката

„Името на мајка ми е...“: Моќна кампања за Денот на мајката

Верувале или не, имињата на мајките се табу тема меѓу мажите во Египет и многу други земји од Блискиот Исток. Придржувајќи се кон локалните обичаи, најголем дел од Египќаните одбиваат да го изговорат името на својата мајка во јавност, верувајќи дека тоа ќе им донесе срам и потсмев.

Со текот на времето, имињата на голем дел од жените се заборавани, бидејќи луѓето им се обраќаат како „мајката на (името на нејзиниот најстар син)“.

Со цел да го одбележат Денот на мајката, кој во Блискиот Исток се слави на 21 март, Ентитетот за родова еднаквост и еманципација на жените при Обединетите нации (UN Women) и IMPACT BBDO од Дубаи создадоа креативна кампања која е важен чекор кон воспоставување на родова еднаквост.

Во видеото, кое е снимено како дел од кампањата, се прикажани мажи на различна возраст на кои им е поставено прашањето: „Како се вика твојата мајка?“. Сите одбиваат да одговорат. „Чувствуваме дека тоа ќе ни донесе срам и потсмев“, „Ако некој го знаеше името на нашата мајка, ние плачевме кога бевме деца“ – велат мажите.

На крајот од видеото, сите тие застануваат покрај своите мајки, гордо изговарајќи го нивното име и апелирајќи: „Кажи му на светот која е личноста која дала сè од себе за да те израсне“.

„Името на една жена никогаш не треба да се поврзува со срам или засраменост. На овој Ден на мајката, ние сакаме да ја пополниме празнината, оддавајќи им признание на жените за тоа што се неверојатни личности, а не само мајки на нивниот најстар син“ – изјавил Мохамед Насири, регионален директор на UN Women.

Give Mom Back Her Name

„Give Mom Back Her Name“ (Врати ѝ го името на твојата мајка) ги поттикнува корисниците на социјалната мрежа Twitter да ја заменат фотографијата на својот профил со името на мајка си, како подарок за нејзината љубов и да ја пренесат понатаму иницијативата започната под хаштагот #MyMothersNameIs.

Give Mom Back Her Name

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10615 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.