Безграничната и незгаслива љубов на мајките е на едноставен, но моќен начин претставена во сентименталното дело „Someday“ на Алисон МекГи, кое е невозможно да ве остави рамнодушни.
Еден ден ти ги преброив сите прстиња.

Еден ден падна првата снегулка, те држев високо и гледав како се топат снегулки на твојата бебешка кожа.

Еден ден ја преминувавме улицата и ти ми ја држеше раката многу цврсто.

Тогаш беше мое бебе...

...сега, си мое дете.

Понекогаш, кога спиеш, те гледам како сонуваш и јас сонувам со тебе...

Имаше ден кога нурна во ладните бистри води на езеро.

Некој ден ќе шеташ низ длабока шума.

Некој ден очите ќе ти бидат полни со радост толку длабоко што ќе сјаат.

Некој ден ќе трчаш толку брзо и толку далеку што срцето ќе ти биде како оган.

Некој ден ќе се лулаш толку високо, повисоко одошто си се осмелувала претходно да се лулаш.

Некој ден ќе чуеш нешто толку тажно што ќе се свиеш од тага.

Некој ден ќе запееш со ветерот, а ветерот ќе ја понесе твојата песна.

Некој ден ќе стојам на тремот и ќе ги гледам твоите раце како ми мавкаат додека да исчезнеш во далечината.

Некој ден ќе гледаш на оваа куќа и ќе се прашуваш како нешто што го чувствуваш толку големо може да изгледа толку мало.

Некој ден ќе чувствуваш мала тежина на твојот силен грб.

Некој ден ќе те гледам како ја чешлаш косата на твоето дете.

Некој ден, многу далеку отсега, твојата коса ќе свети сребрено под сонцето.

И кога ќе дојде тој ден, љубов моја, ќе се сеќаваш на мене.
