Живееме во дигитална ера, во која интернетот ни дозволува алтернативни активности кои го заменуваат традиционалното. Сè повеќе луѓе гледаат на интернетот како моќна алатка да си го олеснат и подобрат животот, а купувањето онлајн е сè поприфатена опција пред традиционалниот шопинг.
Во последните месеци, пандемијата со новиот коронавирус уште повеќе го забрза процесот на префрлување кон пазарувањето онлајн и во нашата држава. Разбирливо е зошто купувачите се пренасочуваат кон дигиталните продавници со оглед на тоа што нудат многу предности. Еве кои се клучните бенефити:

Шопинг во секое време од најудобното катче на домот
Можеме да си го купиме посакуваниот фустан додека релаксирано се излежуваме по пижами. Без подготовки, без воопшто да излегуваме од удобниот дом, во било кое време од денот, а и ноќта, имаме можност да се снабдиме со сè што ќе ни го фати окото.
Нема гужви, нема чекање на каса
Наполнете ја кошничката и со само 2-3 клика ќе го финиширате шопинг искуството. Со купувањето преку интернет штедите време, но и трошокот кој би го направиле ако одите до физичка продавница.
Без потенцијално ризични контакти
Во услови на пандемија, најдобрата препорака е физичките контакти да се сведат на минимум, а онлајн шопингот е идеалното решение кога сакаме да се подновиме, а сепак сакаме да останеме безбедни.
Подарувањето е супер едноставно
Го избирате најубавиот подарок и го испраќате директно до саканата личност. Изненадувањето е уште поголемо кога подарокот пристига неочекувано, нели? Исто така, лесно можете да ги израдувате пријателите и роднините од друг град на родендените, годишнините и другите датуми кои ви значат.
Помалку импулсивно купување
Кога сте во продавница, може да чувствувате притисок да купите нешто од кое навистина немате потреба или не сте сигурни дали го сакате. Големи се шансите и продавачите да влијаат на вас. Кога купувате онлајн, имате време релаксирано да размислите пред да ја донесете конечната одлука, па импулсивноста е под контрола.
Рангирање според буџетот
За фустан имате издвоен буџет од 3.000 денари? Барате маичка под 1.000 денари? Онлајн продавниците нудат опција да ги рангирате производите според цената, па наместо да пребарувате низ десетици закачалки, за секунда пред очи ќе ви излезат сите парчиња кои се во рамките на вашиот буџет за подновување.
Пронаоѓање на најдобрата зделка
Потрагата по најдобрата зделка е екстремно брза. Рангирајте според „најголем попуст“ и веднаш започнете да шарате со поглед низ производите со екстра намалени цени.
Дискретност
Кога купувате во продавница, сите гледаат што плаќате на каса. Со дигиталниот шопинг имате приватност.
Како да знаете на која онлајн продавница да ѝ се доверите?
За да имате пријатно шопинг искуство без непосакувани компликации, задолжително избирајте продавници кои:

- Имаат политика на приватност;
- Нудат можност за враќање/замена/рефундирање;
- Истакнуваат опции на кои можете да ги контактирате.
Сега имате повеќе од доволно причини за да се втурнете во авантурата онлајн шопинг, која сигурно ќе ви премине во ритуал, а можете да започнете од Fashion Group.