Почетна » Новости » Занимливости » Зоран Заев и сопругата Зорица на гости кај британскиот премиер откако беа на прием кај кралицата Елизабета

Зоран Заев и сопругата Зорица на гости кај британскиот премиер откако беа на прием кај кралицата Елизабета

Заедно со останатите лидери на земјите членки на НАТО, Зоран Заев беше поканет на гости кај британскиот премиер Борис Џонсон.

Македонскиот премиер заедно со сопругата Зорица пристигна во премиерската резиденција на Даунинг Стрит 10 во Лондон од каде сподели и неколку фотографии.

Заев Заев Заев Заев

„’Downing 10’ синоќа беше ширум отворена за сите лидери од земјите членки на НАТО. Премиерот Борис Џонсон покажа одлично гостопримство за сојузниците од Алијансата, создавајќи топол предбожиќен амбиент во очи важниот лидерски НАТО состанок“ – напиша Заев.

Заев Заев

Претходно, Зоран и Зорица беа на прием кај кралицата Елизабета во Бакингемската палата, по повод одбележувањето на 70-годишнината од постоењето на алијансата.

Прием на кралицата Елизабета Прием на кралицата Елизабета Заев Заев

На приемот во палатата присуствуваше и министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Таа разговараше со војвотката Кетрин.

„Разговор за Макдонија во НАТО во Бакингемската палата со војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон“ – напиша Шекеринска во описот на видеото од нивниот разговор.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11024 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.