Почетна » Новости » Занимливости » Заљубена девојка на сладок начин ја одржува искрата во врската на далечина

Заљубена девојка на сладок начин ја одржува искрата во врската на далечина

Љубовните врски се прекрасни и можат да те направат најсреќниот човек на светот, но кога саканата личност се наоѓа илјадници километри подалеку, одржувањето на љубовната искра може да биде тешка мисија.

Заљубена девојка смисли сладок начин за да ја одржува силна врската со својот партнер, дури и во моментите кога не може да биде покрај него.

Таа приготви по еден плик со слатко изненадување и порака за секоја ситуација во која посакува да може да биде покрај саканиот и да му ја даде својата безрезервна поддршка. Креативната девојка ги сместила пликовите во куфер под неговиот кревет, додека била да го посети во Канада за Нова Година, но му го открила тоа неколку дена по нејзиното заминување.

„Отвори кога имаш лош ден“, „Отвори кога ми си лут“, „Отвори кога си осамен“, „Отвори кога си расположен за нешто вкусно“, „Отвори кога си болен и врзан за креветот“, „Отвори кога имаш добар ден“, „Отвори кога ти е здодевно“, „Отвори кога ти е преку глава од оваа далечина“, „Отвори кога креветот не ти мириса повеќе на мене“... се дел од слатките и добро смислени „поклончиња“ кои ги доби корисникот на Imgur, leonnosyt. За да сподели колку голем среќник е што е во врска со толку грижлива девојка, тој објави фотографии на Imgur од слаткото изненадување.

Слатко изненадување Слатко изненадување Слатко изненадување Слатко изненадување Слатко изненадување Слатко изненадување Слатко изненадување Слатко изненадување Слатко изненадување Слатко изненадување Слатко изненадување Слатко изненадување Слатко изненадување Слатко изненадување Слатко изненадување Слатко изненадување Слатко изненадување Слатко изненадување Слатко изненадување Слатко изненадување Слатко изненадување Слатко изненадување Слатко изненадување Слатко изненадување

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11200 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.