Санторини ја бури романтиката во секого. Заљубен маж ја изненади саканата со свршувачка и свадба во 24 часа за време на нивниот одмор на идиличниот грчки остров.
Во видеото, 37-годишната Мишел не може да ја сокрие радоста кога нејзиниот партнер Скот клекнува на колено и ѝ предлага брак, а среќата станува уште поголема кога таа ќе ги здогледа најблиските роднини и пријатели, кои оддалеку го следат овој специјален момент.
42-годишниот младоженец ѝ кажал дека целата свадба е испланирана и дека ќе се венчаат за помалку од 24 часа.
„Бев обземена од возбуда. Станувам емотивна само што помислувам на тоа, бидејќи сè беше толку нереално“ – изјавила среќната невеста.
ВИДЕО
„Денот беше совршен. Не би направила ништо поралично“ – рекла таа.

Скот ја планирал свадбата околу 9 месеци. Покрај нив, биле и двете деца на Мишел, од нејзина претходна врска.








Пред една година мајката на Мишел починала, но нејзиниот татко не ја пропуштил шансата да ја испрати до олтарот. Ова било првпат тој да се качи на авион откако ја напуштил армијата во 1957 година.




