Почетна » Новости » Занимливости » За првпат во историјата: НАСА закажа женска вселенска прошетка

За првпат во историјата: НАСА закажа женска вселенска прошетка

Ен МекКлејн и Кристина Кок ќе ја изведат првата женска вселенска прошетка. Астронаутките ќе излезат од Меѓународната вселенска станица на 29 март, речиси 35 години откако за првпат жена го стори истото.

Интересното е што и целосно женски тим од Земјата ќе ги контролира и води.

Ен МекКлејн и Кристина Кок Ен МекКлејн и Кристина Кок

Национална администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) потврди дека е закажана женска прошетка.

Според НАСА, секое време поминато во вселената надвор од летало, вклучително и поправање на опрема и изведување на експерименти, се смета за вселенска прошетка.

Кристина е во Меѓународната вселенска станица од декември минатата година, а Ен ќе ја напушти Земјата на 14 март. Се планира нивната прошетка да трае 7 часа.

Ен МекКлејн и Кристина Кок

Русинката Светлана Савицкаја е првата жена која била на прошетка во вселената. На мисијата во 1984 година, таа стана првата жена која двапати била во вселената и првата жена која извела вселенска прошетка.

Светлана Савицкаја

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9535 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.