Почетна » Новости » Занимливости » Жена се дотеруваше за да го изнесе ѓубрето и за да им измами насмевка на соседите за време на карантинот

Жена се дотеруваше за да го изнесе ѓубрето и за да им измами насмевка на соседите за време на карантинот

Секоја среда, Никола Метјус се шминкаше и дотеруваше за време на карантинот, но не за да оди на свеченост, туку за да го изнесе ѓубрето.

Целта на преобразбите на 49-годишната Британка била да ги забавува соседите, а и себеси.

„Беше прекрасно што можев да ги развеселувам луѓето во овие тешки времиња и да се дотерувам. Имаме сè помала и помала потреба за долги фустани во денешно време. Се забавував додека се дотерував за да излезам и да ја туркам кантата на тркала“ – рекла таа.

Никола Метјус Никола Метјус Никола Метјус Никола Метјус Никола Метјус Никола Метјус

Набрзо и нејзините соседи и роднини се вклучиле со свои модни парчиња и идеи. Некои од нив ѝ позајмиле ракавици, а други цветови за да ѝ одговараат на фустанот.

Инспирацијата дошла откако видела фотографии на кои актерката Аманда Холден го изнесува ѓубрето во свилен розов фустан.

„Аманда Холден објави фотографија на која го изнесуваше ѓубрето во долг розов фустан, па си помислив: ‘И јас имам таков фустан’, па одлучив да позирам со мојата канта на тркала“ – објаснила Никола.

Никола Метјус Никола Метјус Никола Метјус Никола Метјус Никола Метјус Никола Метјус

Со својата креативност, Метјус за 20 недели успеала да собере и 875 долари за хуманитарни цели.

Никола Метјус Никола Метјус Никола Метјус

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11161 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.