Почетна » Новости » Занимливости » Жал ми е, дури и бајките имаат темни поглавја: Блогерка со писмо до Меган Маркл по нејзиниот спонтан абортус

Жал ми е, дури и бајките имаат темни поглавја: Блогерка со писмо до Меган Маркл по нејзиниот спонтан абортус

Спонтаниот абортус е тешка и деликатна тема на која ретко се зборува.

Вчера, беше објавен текст од Меган Маркл, во кој таа откри дека го изгуби своето второ дете во бременоста.

Откако описно ги излеа своите емоции, сопругата на принцот Хари доби огромна поддршка од многу мајки. Една од нив беше и блогерката Каролин Мур, која напиша писмо до Меган изразувајќи ѝ сочувство и заблагодарувајќи ѝ се за храброста јавно да зборува на оваа тема.

Меган Маркл

Почитајте ја нејзината порака во целост:

Драга Меган, многу ми е жал.

Многу ми е жал што ја знаеш неподносливата тага на спонтаниот абортус.

Многу ми е жал што ја знаеш срцевата болка од загубата на дете кое не го познаваше, но сепак го сакаше.

Многу ми е жал што ја знаеш физичката болка од загубата – крварењето, хормонскиот дисбаланс, осакатувачката исцрпеност и сето тоа.

Многу ми е жал што ја знаеш горчливата болка кога го гледаш срцето на сопругот како се крши од тага.

Многу ми е жал што го знаеш тој гнев додека се прашуваш зошто сопственото тело те изневери кога ја имаше само една задача.

Многу ми е жал што ја знаеш збунувачката загуба на братче или сестричка на твоето живо дете, загубата на спомените кои требаше да ги создавате заедно.

Многу ми е жал што го знаеш предизвикот да изгледаш комплетна, но да го криеш закрпеното срце кое на некој начин сè уште бие, додека дел од него живее во рајот.

Многу ми е жал.

И јас знам како е да изгубиш дете.

Ништо не ѝ е важно на изгубената бременост.

Не ѝ е важно дали си во брак со принц или фармацевт.

Не ѝ е важно дали живееш во палата или на ранч со 3 спални.

Не ѝ е важно дали си имала едно бебе или четири или четиринаесет.

Не ѝ е важно дали патуваш со авиони низ светот или секоја недела по осум пати го посетуваш маркетот.

Не ѝ е важно дали си Меган Маркл, Војвотката од Сасекс или обична мајка, возач на мини-комбе.

Ако едно нешто знам длабоко во себе откако доживеав спонтан абортус, тоа е ова: недоволно од нас размислуваат за оваа тема гласно.

Непријатно е, да. Болно е, тешко е и сурово. Тоа е нешто што треба да го признаеме со пригушени шепотења и сочувствителни погледи.

Но, спонтаниот абортус ни се случува на многу повеќе од нас отколку што некогаш сме можеле да замислиме пред да го започнеме разговорот и да ја дознаеме вистината.

Кога пишував за мојот спонтан абортус, тоа беше како да ја отворив вратата кон паралелен универзум кој не знаев дека постои. Беше полн со родители кои тивко страдаат, а кои ги познавам во „вистинскиот живот“ – некои од нив со децении, а не знаев дека тие имале искусено таква загуба. Слушнав од десетици мајки и татковци кои зборуваа за сопствените загуби, некои сè уште свежи и сè уште болни, други како лузни избледени со текот на времето.

Заедничкото на сите? Никогаш нема да заборавиме.

Тие бебиња – без разлика дали биле со големина на боровинка или манго или уште поголеми – можеби се изгубени, но тие и начинот на кој нè променија, никогаш нема да се заборават.

Се разбира, ќе има физичко заздравување, а со побавно темпо и емотивно опоравување. Можеби во вашата или мојата иднина ќе има бебе-виножито. Вие можеби по загубата ќе доживеете бременост која несомнено повторно ќе ви ги отвори раните, но истовремено ќе ви донесе и длабока радост. Јас можеби ќе имам бебе кое немаше да постои без загубата којашто се случи пред него.

Животот продолжува, но ние никогаш нема да заборавиме.

Затоа, ти благодарам Меган, што го кажа тоа гласно. Ти благодарам што зборуваше за твојата болка, за ние да можеме да се соочиме со нашата.

Ти благодарам што нè потсети на најмоќните работи кои можеме да ги направиме за срцето кое боли, а тоа е едноставно да прашаме: ‘Дали си добро?’

Благодарам што ни покажа дека дури и бајките имаат темни поглавја – но тоа е само дел од приказната.

Благодарам... и многу ми е жал.

Меган Маркл

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11070 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.