Почетна » Новости » Животни стории » Меган Маркл во трогателен текст сподели дека беше бремена со второ дете и доживеа спонтан абортус

Меган Маркл во трогателен текст сподели дека беше бремена со второ дете и доживеа спонтан абортус

Меган Маркл и принцот Хари открија дека го изгубија нивното второ дете во бременоста. 39-годишната поранешна актерка во трогателен текст сподели дека доживеа спонтан абортус во јули оваа година.

Меган и Хари со синот

Беше едно утро во јули кое започна исто толку вообичаено како и секој друг ден. Направив појадок. Ги нахранив кучињата. Се напив витамини. Го најдов изгубениот чорап. Ја кренав мрсната боичка од под масата. Ја фатив косата во коњско опавче пред да го земам син ми од креветчето.

Откако ја променив неговата пелена, почувствував остар грч. Паднав на подот со него во рацете, пеејќи приспивна песна која ќе нè смири и двајцата, весела мелодија која беше тотално спротивна од моето претчувство дека нешто не е во ред.

Знаев дека додека го држев моето првородено дете, го губев второто.

Часови подоцна, лежев во болнички кревет, држејќи ја раката на мојот сопруг. Ја почувствував смиреноста на неговата дланка и ги бакнував зглобовите на неговите раце, влажни од солзите на двајцата. Зјапајќи во белите ѕидови, очите ми се вкочанија. Се обидов да замислам како ќе заздравиме.

Се присетив на еден момент од минатата година, кога со Хари ја завршувавме долгата турнеја во Јужна Африка. Бев истоштена. Го доев нашето бебе и се обидував да изгледам храбро пред јавноста.

„Дали сте добро?“ – ме праша еден новинар. Му одговрив искрено, не знаејќи дека тоа што ќе го речам ќе одекне до многу нови мајки, а и постари, до секој кој на некој начин тивко страдал. Мојот одговор изгледаше како да им даде дозвола на луѓето да ја кажат својата вистина. Но, не ми помогна најмногу одговорот, туку самото прашање.

„Ви благодарам што прашавте“, реков. „Не многу луѓе ме прашаа дали сум добро.“

Седејќи во болничкиот кревет, гледајќи како се крши срцето на мојот сопруг, додека се обидуваше да ги спои разбиените делови од моето, сфатив дека единствениот начин да почнеме да заздравуваме е прво да прашам, „Дали си добро?“

Дали сме добро? Оваа година донесе многу од нас до точка на кршење.

Загубата и болката го мачеа секој од нас во 2020 година. Слушнавме секакви приказни.

Да изгубиш дете значи да носиш неподнослива тага. Тага која е искусена од многумина, а малкумина зборуваат за неа. Во болката од нашата загуба, јас и мојот сопруг откривме дека во соба со 100 жени, 10 до 20 од нив имале доживеано спонтан абортус. Сепак, и покрај заедничката болка, оваа тема сè уште останува табу, полна со (неоправдан) срам и нераскинлив циклус на жалост во самотија.

Некои храбро ги споделија своите приказни, ја отворија вратата, знаејќи дека кога едно лице ја зборува вистината, тоа им дава поддршка на сите нас да го направиме истото. Научивме дека кога луѓето прашуваат како си и кога навистина го слушаат одговорот, со отворено срце и ум, товарот на тагата станува полесен – за сите нас. Кога ја споделуваме болката, ги правиме првите чекори кон заздравувањето.

Така, оваа година на Денот на благодарноста, планираме поразличен празник од претходно. Многумина се разделени од своите најблиски, сами, болни, исплашени, поделени и можеби се борат да најдат нешто за кое ќе бидат благодарни. Ајде да се посветиме и да ги прашаме другите: „Дали сте добро?“. Колку и да не се согласуваме, колку и да сме физички дистанцирани, вистината е дека сега сме повеќе поврзани од кога и да е, поради сето она што го издржавме индивидуално и колективно оваа година.

Дали сме ОК?

Ќе бидеме.

Меган и Хари се родители на едногодишниот Арчи.

Меган и Хари со синот Меган и Хари со синот Меган и Хари со синот Меган и Хари со синот

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9518 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.