Почетна » Новости » Занимливости » Есента пристигна: 10 нешта кои сите ги обожаваме во есен

Есента пристигна: 10 нешта кои сите ги обожаваме во есен

Есента официјално започна, најавувајќи го доаѓањето на постудената сезона.

Да, можеби деновите ќе стануваат посвежи, а ноќите студени, но и покрај тоа, многумина од нас го обожаваат ова годишно време. Збогум на горештините...

Време е да го реорганизирате плакарот, да ги ставите на преден план комфорните џемпери и модни комбинации, да го посетите пазарот и да ги одберете највкусните тикви, да се фокусирате на пешачење низ волшебната природа и насладувањето во топлите пијалаци.

Есен
  1. Чекорење по шушкавите лисја. Дали некогаш ви се случило да згазнете во купче суви лисја само за да го слушнете шумот? Ова е звук кој сите инстантно нè враќа во детството, кога се забавувавме скокајќи во куповите со штотуку собрани лисја. Ако имате мали деца или миленик, одведете ги на прошетка во природа и евоцирајте спомени.
  2. Аромата на печена тиква. Ммм...
  3. Зимницата. Мирисот на печени пиперки, ајварче и мармалади е карактеристичен за есенската сезона и не постои Македонец кој не пораснал со него. Можеби веќе сте испразниле неколку од теглите планирани за зимница.
  4. Топло кафе или чај на врнежлив и студен ден. Бесценето!
  5. Изобилство од јаболка. Есента нè благословува со можноста да избираме вкусни сезонски јаболка, кои ќе ни го зајакнат имунитетот. „Едно јаболко на ден и лекар не ви е потребен“. А питата од јаболка... Убавини!
  6. Пејзажите. Погледот кон природата во есен е неверојатен. Пожолтените дрвја, паднатите лисја, облаците, притаените сончеви зраци...
  7. Есенската мода. Носењето топли и шик марами и капчиња, плетени џемпери и комфорна широка облека е како мелем за душата на модните зависнички. Здраво чизми! Цело лето чекаме можност повторно да ги облечеме нашите омилени чизми, а сега конечно можеме.
  8. Мирисот на есенски дожд. Дождот мириса на посебен начин во текот на третото годишно време – многу подобро од оној во останатите периоди од годината. А и чувството е посебно кога ги слушате капките како паѓаат на олуците додека вие седите на сигурно во вашиот дом.
  9. Читањето книга под топлото ќебенце.
  10. Прегратката на саканиот. Нема ништо поубаво од потонувањето во топлата прегратка на партнерот по студениот и ветровит есенски ден.
Есен Есен Есен Есен Есен Есен Есен Есен Есен Есен Есен Есен Есен Есен Есен Есен Есен Есен Есен

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.