Почетна » Новости » Занимливости » Емотивно, трогателно и моќно: Писмо од ветеринарка, која објаснува како изгледа еутаназијата во нејзините очи

Емотивно, трогателно и моќно: Писмо од ветеринарка, која објаснува како изгледа еутаназијата во нејзините очи

Ветеринарка напиша моќно отворено писмо во кое објаснува како изгледа успивањето на животно во нејзините очи.

Во емотивниот пост на Facebook, Бренда Гаф опиша колку е стресна еутаназијата за лицето кое ја извршува, иако најчесто сопствениците на милениците не го забележуваат тоа. Нејзината објава допре до илјадници лица и ги расплака сите кои некогаш изгубиле миленик.

Шепа

Како гледа твојот ветеринар на еутаназијата...

Ми носиш мало кученце – тоа ми го бакнува лицето, ужива во бисквитите кои му ги нудам и нашето пријателство започнува.

Неколку посети подоцна, тоа започна да учи каде стојат сите тегли со бисквити во клиниката и дека дамата со бел мантил и не е толку лоша...

Многу посети подоцна, јас сум вљубена во твоето куче и целото твое семејство, бидејќи вие едноставно сте многу добри луѓе и јас не само што гледав како тоа кученце станува навистина сладок член од семејството, туку имав и прилика да ги гледам децата како растат секоја година и да бидам многу мал дел од вашето патување.

Се сеќаваш на онаа случка кога кучето ѝ ги изеде танга гаќичките на твојата ќерка? Да, сите се смеевме за тоа откако заврши операцијата и тоа закрепна. Ќерка ти никогаш не ми прости што го спакував тоа и му го покажав на целото семејство кога дојдоа да го земат од клиниката.

Толку многу авантури, толку малку време...

Ете сме, повеќе од 15 години подоцна, мораме да си кажеме збогум.

Тоа има срцева болест и не можам да го опоравам повеќе. Тоа има рак и нема лек. Тоа има артритис и лекарствата едноставно не работат. Сакам да живее вечно. Го посакувам тоа толку силно што боли. Чувствувам како да го изневерив и него и вас кога ми снемаа опции за да го одржувам него, а и вас, среќни и задоволни.

Па, сега е време и јас би требало да бидам професионалец. Да бидам објективна. Јас сум докторка. Смирена. Кул. Прибрана. Секогаш под контрола.

За*би го тоа.

Ве познавам вас, а и него, една третина од мојот живот и најголем дел од мојата професионална кариера.

Но, се обидувам да држам сè под контрола. Моите техничари, кои се неверојатни суперлуѓе, го поставија катетарот. Мојот персонал за поддршка ја заврши целата документација. Верувај ми, можеби тоа не се гледа, но и нивните срца се скршени за тебе. Сите тие го имаат искусено тоа. Знаат како е. Тие те знаат тебе и се грижат за тебе.

Ја имам иглата во џебот од мојот бел мантил. Истиот тој џеб кој секогаш беше полн со грицки за него. Земам длабок јога здив и влегувам во собата. Морам да бидам силна сега...

Таа ме гледа милно, како и секогаш. Поглед проследен со кучешки бакнежи и гледање кон теглата со бисквити. Но, сега тоа е преслабо. Тоа е подготвено. Ти не си. Јас не сум. Но, ова е нешто што мора да се случи, бидејќи го сакаме премногу за да дозволиме да страда.

Тоа ќе продолжи да живее сè додека ние го бараме тоа од него. Но, не можеме да го бараме тоа повеќе. Не е фер кон него. Посакувам нашите човечки срца да даваа толку љубов постојано. Посакувам да бев личноста која што моето куче мисли дека сум. Посакувам, посакувам, посакувам да можев да пронајдам начин тие да живеат засекогаш. Но, ги немам тие магични моќи. Јас сум само ветеринарка.

Му возвраќаме на бакнежите. Можеби најголемиот дел од неговото тело не функционира, но таа стара опашка мрда доволно за да ја изгубам контролата внатре во мене, обидувајќи се да не заплачам. Морам да останам силна.

Неговото тело се опушта во твоите раце, а ти липаш. Уште едно семејство изгуби еден од своите најдрагоцени членови. Го поставувам стетоскопот на неговото срце за да се уверам дека тоа запре, но ти го држиш толку силно стегнато на твоите гради што не знам дали срцето што го слушам како чука е твоето или пак можеби е моето, од целата крв што минува низ моите учи додека напорно се обидувам да не се претворам во плачлив хаос.

Потврдено, тоа почина. Го поставуваш нежно на масата и се гушкаме силно додека ти заминуваш.

Вратата се затвора зад тебе, а јас не знам дали ќе го слушнеш ова, но јас липам хистерично во ушите на твојот миленик. Него го нема повеќе, но ќе недостига, а знам дека ти ќе мораш да се соочиш со еден од најтешките делови од денешниот ден.

Ќе нема кој да те поздрави кога ќе влезеш дома.

Те молам, знај дека знам како се чувствуваш. Додека заминуваш од клиниката, со секој атом од себе силно посакувам да не мораше никогаш да се соочиш со тоа. Посакувам да можеа да живеат засекогаш.

Те молам знај дека сум благодарна што бев мал дел од твоето патување.

Со љубов засекогаш,
Твојата ветеринарка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9535 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.