Почетна » Новости » Занимливости » Емотивна реклама со близнаци, од кои едниот роден со Даунов синдром, испраќа силна порака

Емотивна реклама со близнаци, од кои едниот роден со Даунов синдром, испраќа силна порака

Новата реклама на „Special Olympics“ ги руши стереотипните размислувања и испраќа силна порака.

Во неа е прикажан животот на двајца браќа близнаци родени во период од 4,36 секунди еден од друг. Тие прават сè заедно – играат заедно, одат заедно на училиште, се натпреваруваат меѓусебно... Иако едниот од нив има Даунов синдром, тоа не го спречува да ги прави истите нешта како својот брат.

„Родени на растојание од 4,36 секунди. Тоа е единствената разлика меѓу нас“ – пишува на крајот од рекламата која досега има повеќе од 9 милиони прегледувања.

Видеото е создадено од „Special Olympics“, најголемата светска спортска организација за деца и возрасни со интелектуална попреченост, која им овозможува тренинзи и спортски натпревари на повеќе од 5,3 милиони лица.

Во коментарите многу родители го споделија своето искуство со близнаци од кои едниот има Даунов синдром.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11484 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.