Почетна » Новости » Занимливости » Ексклузивно: Виртуелна тура низ кујната на KFC

Ексклузивно: Виртуелна тура низ кујната на KFC

Откријте ги тајните на лидерот во подготовката на пилешко месо

За првпат во нашата земја, KFC Македонија на целата јавност ѝ овозможи прошетка низ својата кујна. Овој транспарентен пристап ги менува правилата и носи свежина во угостителската индустрија, за која често се појавуваат шпекулации во однос на хигиената, квалитетот на состојките и стандардите на работа.

KFC

Со виртуелната тура може да се посетат трите сектори на кујната на KFC – Back of House, Middle of House и Front of House, при што се раскажува приказната на секое парче пилешко, од моментот на набавка, до моментот на послужување.

Интересно е да се види дека KFC рестораните, всушност, имаат „класична кујна“ (Back of House) каде што работат сертифицирани готвачи кои рачно го подготвуваат пилешкото месо. Овој сектор е препознатлив за KFC насекаде низ светот и најчесто не е присутен во другите ресторани за брза храна кои работат на принципот Freezer to Frier, каде што патот на месото е директно од замрзнувач на станицата за пржење.

Виртуелната тура ја открива и една од тајните во оригиналната подготовка на совршеното пилешко филе. Станува збор за специјални фритези под притисок кои месото го прават крцкаво однадвор, а совршено меко во внатрешноста, не дозволувајќи маслото да продре во срцевината. Или како што го нарекуваат KFC експертите, Golden chicken standard.

KFC

Една од најимпресивните карактеристики на KFC рестораните, што е особено релевантна во денешнината, е вниманието што се посветува на санитарните стандарди и на безбедноста на храната. Благодарејќи на континуираната посветеност на безбедноста, квалитетот и врвната услуга уште од самите почетоци на своите ресторани, KFC има долгогодишно искуство во преземањето заштитни мерки и секогаш наоѓа иновативни начини да го одржи високиот стандард на работа и услуга. Безбедноста на гостите е приоритет во секој ресторан.

Приклучете се на виртуелната тура на следниот линк и не заборавајте да ги измиете рацете пред вашиот следен вкусен оброк во KFC!

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11145 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.