Почетна » Новости » Занимливости » Едноставно решение за намалување на обемот и затегнување на кожата

Едноставно решение за намалување на обемот и затегнување на кожата

Тело

Дебелината, како една од многубројните несакани последици на современиот и брз начин на живот претставува првенствено здравствен, но и естетски проблем. Секој од нас порано или подоцна во животот пробува некој вид на диета или режим на исхрана.

Најдоброто решение за гојазноста е долгорочно внимавање на внесот на калории, редовните физички вежби како и користењето на дополнителни третмани од природно потекло кои што помагаат за забрзување на метаболизмот.

Препораките за користење на билни препарати не се новитет, но носат видливи резултати доколку се употребуваат во комбинација со правилен режим на исхрана.

Билните капки кои го помагаат слабеењето од Алкалоид содржат мешавина од екстракти кои помагаат за подобро варење на храната, забрзување при исфрлање на мастите од телото и го олеснуваат исфрлањето на отпадната цревна содржина и вишокот на течности од организмот. Дејствувајќи на овој начин, тие помагаат во регулирање, односно намалување на телесната тежина.

По намалувањето на телесната тежина кожата често останува безживотна и свисната и затоа се препорачува при секоја промена таа да се негува и масира на соодветен начин.

Најновите трендови во козметичката индустрија се користење на препарати со екстракт од спирулина, кофеин, витамин Е и сл. Овие, но и многу повеќе компоненти се содржани во SATTWA кремот за обликување и за затегнување на телото.

Покрај наведените, SATTWA кремот за обликување и за затегнување на телото содржи и природен изофлавон, карнитин, екстракт од див костен и екстракт од шимширика т.е. растителен антицелулитен комплекс со активно дејство врз намалувањето на целулитот и на поткожното масно ткиво кој дава и ефект на затегнување на кожата. Специјално дизајнираната туба има апликатор преку кој се нанесува кремот. Трите кугли од апликаторот нежно ја масираат кожата забрзувајќи ја циркулацијата на тоа место.

Sattwa и Good Nature

Секоја природна состојка од овие два производи на свој начин дејствува целно на одреден дел од механизмот за справување со вишокот масни наслаги и помага за остварување на целта – намалување на телесната тежина и постигнување свеж и затегнат изглед на кожата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11488 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.