Почетна » Диети и фитнес » Популарни диети » Антицелулитна диета

Антицелулитна диета

Сите копнееме по магична пилула која без напор и за кратко време ќе го отстрани досадниот целулит од нашето тело. За жал, таква пилула нема и најверојатно нема ни да има.

Наместо да чекаме чудо, треба да ги искористиме познатите факти за да го елиминираме или барем да го намалиме целулитот. Едно од средствата кои можеме да ги искористиме против целулитот е правилната исхрана. Но, веднаш да разјасниме дека диетата против целулит не дава резултати преку ноќ и за да има максимален ефект треба да се комбинира со вежбање и масажи.

Диета против целулитПравилната исхрана е силен сојузник во борбата против целулитот.

Што треба да консумирате?

Вода. Секоја диета препорачува пиење на околу 2 литри вода секој ден. Водете сметка колку вода пиете, но не заборавајте дека водата се внесува и преку исхраната. Доколку сте обожавателка на лубеница, јаболка, краставици, полесно ќе ја постигнете дневната доза од 2 литра, затоа што тие и многу други плодови и зеленчуци се богати со вода. Докажано е дека жените кои внесуваат повеќе вода преку овошје и зеленчуци имаат потенка половина отколку жените кои ја внесуваат водата само преку течности.

Храна богата со лецитин, амино киселини, есенцијални масни киселини, антиоксиданси. Оваа храна е одлична за подобрување на здравјето, еластичноста и изгледот на кожата. Најдобри продукти:

  • Јајца, соја, карфиол, путер од кикирики, спанаќ (лецитин);
  • Лененово семе, маслиново масло, јаткасти плодови, мрсни риби (масни киселини);
  • Грејпфрут, портокал (антиоксиданси, полифеноли, амино киселини).

Витамин Ц. Моќниот витамин Ц се асоцира со синтезата на колаген. Колагенот ја подобрува еластичноста на кожата и го прави целулитот помалку видлив. Покрај тоа, американско истражување потврдило дека овој витамин помага за согорување на 30% повеќе масти во текот на вежбањето. Затоа, секојдневно внесувајте 75mg витамин Ц. Освен витамин Ц, внесувајте и доволно витамин А и витамин Е.

Свежи зеленчуци и овошје и свежо цедени сокови. Нема ништо подобро од консумирањето на свежа храна. Не купувајте замрзнати зеленчуци и избегнувајте колку што е можно каков и да било метод на готвење.

Вашата диета треба да вклучува:

плодови и зеленчуци како домати, краставици, аспарагус, моркови, карфиол, брокули, кромид, печурки, авокадо, лубеница, боровинки, малинки, капинки, грејпфрут, лимон, портокал, зелка, марула; јајца, изварка, нискомаслено млеко и јогурт, риба, пилешко или мисиркино месо, маслиново масло и јаткасти плодови.

Што треба да избегнувате?

Кофеин. Освен ако не е дел од вашата антицелулитна крема, кофеинот не треба да го доближувате до вашето тело. Кофеинот којшто го има во кремите го стимулира потокот на крв и циркулацијата. За разлика од него, внесениот кофеин од кафето и газираните пијалоци го намалува ефектот на вашите напори да се ослободите од целулитот.

Алкохол. Токсините коишто ги внесувате преку алкохолот имаат негативно влијание на џигерот, а освен тоа, сите калории од алкохолот се складираат во телото како масти. Алкохолот исто така го дехидрира телото, па редовната консумација во никаков случај не може да биде полезна за целулитот. Од време на време дозволете си една чаша алкохол, но сè што е повеќе од тоа ќе ви одмогне во борбата против целулитот.

Сол. Солта е силен сојузник на целулитот, затоа пак ваш непријател. Прекумерната консумација на сол ќе го зголеми задржувањето на вода во телото, а со тоа целулитот ќе стане повидлив. Читајте ги етикетите на продуктите што ги купувате. Солта е скриена во секој од нив. Не претерувајте со солта и додека готвите. Наместо сол, користете повеќе зачини како чили, црн пипер или пак сув лук.

Брза, мрсна храна со конзерванси и вештачки засладувачи. Тука спаѓа онаа храна што на сите ни е највкусна, но е најштетна и тоа не само за целулитот, туку и за целосното здравје и формата на телото:

  • пржена храна;
  • конзервирана храна;
  • црвено и преработено месо;
  • сирење и кашкавал со висока масленост;
  • торти и колачи;
  • тестенини;
  • бел ориз, бел леб.

Пример-мени за антицелулитна диета

Опции за појадок:

  • 50g овесни снегулки со нискомаслено млеко зачинети со 1 лажичка цимет и 1 лажичка ленено семе. 250ml сок од боровинки.
  • 1 варено јајце, 2 парчиња интегрален леб премачкани со тенок слој путер од кикирики. 250ml сок од грејпфрут.
  • 125g кисело млеко со ниска масленост со 1 исечкано јаболко и 1 лажичка ленено семе. 250ml лимонада.

Опции за ручек:

  • Сендвич од 2 парчиња интегрален леб премачкани со диетален мајонез со 80g пилешки стек и неограничено количество домати и краставици.
  • 3-4 мали млади варени компири со малку маслиново масло и исечкан целер. 100 грама лосос.
  • 150g пилешко месо со неограничено количество брокули и краставици.

Опции за вечера:

  • 1 чинија супа од домати. 50g кафеав ориз и 100g мисиркино или пилешко месо без мрснотии.
  • Салата од зелка и карфиол. 100g телешко месо варено во супа.
  • 150g риба печена во рерна и зачинета со кромид и лимон. Салата од неограничено количество зелени зеленчуци.
  • Опции за ужина:

    • Една шака јаткасти плодови.
    • 1 портокал, јаболко, една шака боровинки, малинки или некој друг плод, парче лубеница.
    • 2 овесни колачиња.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.