Почетна » Новости » Занимливости » Еве кои се 10-те најлајкувани фотографии на Instagram за 2020 година

Еве кои се 10-те најлајкувани фотографии на Instagram за 2020 година

TooFab состави листа со најпопуларните објави на Instagram за годината која изминува. Разбирливо во Топ 10 се најдоа постови на личностите кои имаат и најмногу следбеници, како и на профилите на славните ѕвезди кои повеќе не се на овој свет.

Еве ги најлајкуваните објави на популарната социјална мрежа за 2020 година:

1.

Со 19,6 милиони лајкови, фотографија на Кристијано Роналдо со покојниот Диего Марадона е на челната позиција на листата.

2.

На втората позиција, со 19,1 милиони лајкови се наоѓа објавата за смртта на актерот Чедвик Боузман, познат по улогата во „Црниот пантер“.

3.

Со 16,3 милиони лајкови, објавата на Лионел Меси со сочувство за Марадона е на 3-тото место.

4.

Речиси 16 милиони допаѓања има албум фотографии на Кајли Џенер, Тревис Скот и нивната ќерка Сторми.

5.

Леброн Џејмс ја има петтата најпопуларна објава со 15,5 милиони реакции. Во неа, славниот кошаркар изразува сочувство за смртта на Коби Брајант.

6.

Фотографија од Сторми, ќерката на Кајли Џенер, го држи 6-тото место со повеќе од 15,3 милиони допаѓања.

7.

Видео на Кајли Џенер и Сторми со речиси 14,5 милиони допаѓања е на 7-мото место по популарност на Instagram.

8.

Роденденската фотографија на Кристијано Роналдо со 14,3 милиони допаѓања е на 8-мото место на листата.

9.

Над 14,2 милиони лајкови има албум на Кајли Џенер со Тревис Скот.

10.

Со речиси 14,2 милиони лајкови на фотографија објавена на денот на неговата смрт, покојниот Коби Брајант е на последното 10-то место.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11343 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.