Почетна » Новости » Занимливости » Доктор вози со знак „Застанете ме ако ви треба бесплатен лекарски совет“ за да им помага на сиромашни лица

Доктор вози со знак „Застанете ме ако ви треба бесплатен лекарски совет“ за да им помага на сиромашни лица

Доктор од Јемен е пример како изгледа добрината на дело.

Сами Јахја поставува знак со натпис: „Застанете ме ако ви треба бесплатна лекарска консултација“ за да им помогне на сиромашните лица од неговата заедница сред глобалната пандемија со КОВИД-19.

Сами Јахја

28-годишниот лекар најпрво започнал да дава бесплатни совети преку Facebook, но потоа се сетил дека многу сиромашни лица немаат достап до социјалните мрежи.

Така дошол до идејата за поставување на знак на возилото. Тој честопати вози низ улиците на главниот град Сана, доброволно застанувајќи за да им помогне на оние во неволја.

„Мораме да го пазиме и одржуваме здравјето на сиромашните луѓе, бидејќи нивното здравје е дел од целокупната заедница“ – вели тој.

Сами Јахја Сами Јахја Сами Јахја

Фотографии од добродушниот доктор станаа вирален хит на социјалните мрежи.

Сами Јахја Сами Јахја Сами Јахја

Во Јемен се случува најголемата хуманитарна криза во светот, која е последица на војната која трае од 2014 година.

Сами Јахја Сами Јахја

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11043 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.