Почетна » Новости » Занимливости » Доброволци бесплатно им ги чистат домовите на жени кои се борат со рак

Доброволци бесплатно им ги чистат домовите на жени кои се борат со рак

Борбата со рак е истоштувачка – психички, физички и финансиски. Иницијативата на една Американка им го олеснува барем малку животот на илјадници жени кои ја водат најтешката здравствена битка.

Деби Сардон ја основала организацијата „Cleaning For A Reason“ со цел да ги намали грижите на жените кои се лекуваат од рак, за тие да можат потполно да се фокусираат на здравјето. Во големата акција, над 1.200 чистачки од САД и Канада го донираат своето време и труд за да ги светнат домовите на пациентки.

Cleaning For A Reason

Пред околу дваесетина години, еден телефонски разговор ја поттикнал Деби да ја создаде добротворната организација. Таа поседувала компанија за чистење кога потенцијална клиентка ѝ рекла: „Сега не можам да си дозволам чистење. Се лекувам од рак“. Нивниот разговор веднаш бил прекинат, па Деби не успеала да земе адреса или телефонски број за да може повторно да ја контактира жената. Во тој момент, таа решила дека ниту една жена која боледува од рак нема да биде одбиена од нејзината фирма. Така Деби започнала да им нуди бесплатно чистење на жените во лоша здравствена состојба.

Cleaning For A Reason

Со поддршка од повеќе компании и доброволци, Деби им има помогнато на 19.000 жени.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11732 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.