Почетна » Новости » Занимливости » Ден за насмевки: Новогодишен базар на училиштето за деца со посебни потреби „Д-р Златан Сремец“

Ден за насмевки: Новогодишен базар на училиштето за деца со посебни потреби „Д-р Златан Сремец“

Во петокот (23.12) се одржа традиционалниот новогодишен базар на училиштето за деца со посебни потреби „Д-р Златан Сремец“ под мотото „Ден за насмевки“, оваа година помогнат од Direct Media Skopje и Ramstore Mall.

На настанот беа изложени прекрасни ракотворби со новогодишен мотив изработени од учениците - честитки, украси како и многу вкусни новогодишни колачиња. Материјалите, што им беа потребни на вредните деца за ракотворбите, ги обезбеди Direct Media, додека Ramstore Mall отстапи изложбен простор во детското катче на трговскиот центар.

Базар

Целта на овој добротворен настан беше да се подигне свеста за потребите и предизвиците со кои се соочуваат овие деца и нивните семејства. Големата посетеност во целост ги оправда очекувањата. И навистина беше ден за насмевки, како за посетителите така и за учениците.

Базар Базар Базар Базар Базар Базар

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26297 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.