Почетна » Новости » Занимливости » Девојка ослабе 50 кг за свадбата откако се засрамила од изгледот на фотографиите од свршувачката

Девојка ослабе 50 кг за свадбата откако се засрамила од изгледот на фотографиите од свршувачката

Девојка ја намали својата тежина за 50 килограми засрамена од сопствениот изглед на фотографиите од свршувачката. Таа решително го трансформираше своето тело и гордо ја покажа новата фигура на денот на свадбата.

Хејли Смит Хејли Смит Хејли Смит Хејли Смит Хејли Смит

Хејли Смит тежела 126 килограми кога во јули минатата година нејзиниот партнер Мет ја побарал за жена. Но, радоста на Хејли била фрлена во сенка кога го погледнала албумот од моментот на запросување.

„Го мразев мојот изглед на фотографиите од свршувачката. Ги видов фотографиите и се изнаплакав. Дури не можев да се препознам себеси. Не сакав да ги објавам на интернет, бидејќи бев засрамена од тоа колку се запуштив себеси. Тажно е зашто тоа беше еден од најубавите денови во мојот живот.“

Хејли Смит Хејли Смит Хејли Смит Хејли Смит Хејли Смит Хејли Смит

„Не сакав да се срамам и од моите свадбени фотографии и знаев дека ми треба промена“ – вели 24-годишната девојка од Тексас.

Желна за промени, Хејли полека, полека целосно го отфрлила стариот режим на исхрана и ја зголемила физичката активност. Таа започнала да трча трипати неделно и постепено ги зачестувала тренинзите.

Сега вежба двапати дневно по еден час и тежи само 76 килограми.

Хејли Смит Хејли Смит Хејли Смит

Хејли била полничка и како девојче, но за време на студирањето, емоционалното јадење ѝ станало секојдневие. Секоја емоција ја поттикнувала да посегне по нездрава храна како чипс или слатки. „Јадев кога бев тажна, кога бев под стрес, кога ми беше здодевно, кога бев среќна или кога сакав да прославам“ – признава таа.

Но освен изгледот, заради нездравиот начин на живот страдало и нејзиното здравје, како и друштвениот и семејниот живот. „Бев уморна, бавна, испотена и останував без здив по секоја активност. Не можев да спијам, имав болки во целото тело, висок крвен притисок, киселини во стомакот и главоболки речиси секој ден. Пропуштав многу нешта поради тоа.“

„Ги избегнував плажите и базените како животот да ми зависеше од тоа и пропуштив многу семејни активности како возење велосипед и екскурзии, бидејќи не можев да ги правам. Како последица, настрада мојот друштвен живот, бидејќи можеш да ги одбиваш пријателите ограничен број на пати пред тие да престанат да те вклучуваат во своите планови“

„Исто така, постојано бев испотена, тоа беше многу засрамувачко. Се сеќавам дека еднаш испотев толку многу што им велев на луѓето дека некој истури вода по мојот грб, бидејќи ми беше срам да им кажам дека потта ми ги накисна блузата и панталоните.“

„Плачев како мало бебе кога се вратив дома. Не сакав никаде да одам зашто се срамев од мојата големина. Можам да кажам дека минував и низ циклуси на депресија. Сето ова исчезна во последните години откако ослабев“ – открива таа.

Хејли Смит Хејли Смит

Хејли и Мет стапија во брак минатата сабота, а среќната невеста со насмевка го покажа својот нов изглед на свадбениот ден. „Мојот фустан ги надмина сите мои очекувања. Никогаш не помислував дека ќе изгледам толку добро колку што изгледав. Очекував и се надевав да изгледам само „нормално“, но јас се чувствував убаво – како што треба да се чувствува вистинска невеста“ – самоуверено вели таа.

Хејли Смит Хејли Смит

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11580 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.