Почетна » Новости » Занимливости » Гордост за Македонија: Со ОСУМ медали и второ место во танц се врати тимот од Специјалната олимпијада во Абу Даби

Гордост за Македонија: Со ОСУМ медали и второ место во танц се врати тимот од Специјалната олимпијада во Абу Даби

Македонскиот тим, кој учествуваше на Летните олимписки игри на Специјалната олимпијада во Абу Даби, се врати дома со осум медали и второ место во танц.

Решителните спортисти и нивните тренери денес ги претставија пред македонската јавност блескавите медали со кои се закитија за време на натпреварувањата коишто се одржуваа од 14 до 21 март.

Специјалната олимпијада во Абу Даби Специјалната олимпијада во Абу Даби

18-годишниот Марио Мицковски освои два златни медали во пливање, истакнувајќи се на 25 метри грбно и 50 метри слободен стил. Во пливање на 50 метри слободен стил, златен медал освои и 21-годишниот Стефан Трпковски. Двајцата пливачи беа тренирани од Горан Андоновски.

Ардијан Шабани со два медали ги заврши трките во Абу Даби. 22-годишниот атлетичар со неговиот тренер Ифраим Љута се радуваа на сребро на 25 метри и бронза на 50 метри.

Сара Дураку може да се пофали со два бронзени медали. 14-годишната атлетичарка го освои третото место на трките на 50 и 100 метри.

Кошаркарската репрезентација, водена од тренерите Дејан Дојчиновски, Ана Котевска и Раша Петровиќ, ја победи Буркина Фасо со резултат 24:18 за да стигне до бронзен медал.

Успесите ги заокружи самбата на Јулијана Петровска. Второто место во танц таа го освои благодарение на нејзината професорка Евгенија Трифуновска.

Нашата делегација беше водена од Елена Зисовска.

Специјалната олимпијада во Абу Даби Специјалната олимпијада во Абу Даби Специјалната олимпијада во Абу Даби Специјалната олимпијада во Абу Даби Специјалната олимпијада во Абу Даби Специјалната олимпијада во Абу Даби Специјалната олимпијада во Абу Даби Специјалната олимпијада во Абу Даби Специјалната олимпијада во Абу Даби Специјалната олимпијада во Абу Даби Специјалната олимпијада во Абу Даби Специјалната олимпијада во Абу Даби Специјалната олимпијада во Абу Даби Специјалната олимпијада во Абу Даби Специјалната олимпијада во Абу Даби Специјалната олимпијада во Абу Даби Специјалната олимпијада во Абу Даби Специјалната олимпијада во Абу Даби Специјалната олимпијада во Абу Даби Специјалната олимпијада во Абу Даби

Специјалната олимпијада годинава за првпат се одржа на Блискиот Исток. 7.500 спортисти од 195 земји од светот се натпреваруваа на најголемиот хуманитарен спортски настан во светот. Целта е зајакнување на лицата со интелектуална попреченост и поттикнување на инклузијата.

Дефилето на нашата делегација на свеченото отворање во Абу Даби

Специјалната олимпијада во Абу Даби Специјалната олимпијада во Абу Даби Специјалната олимпијада во Абу Даби Специјалната олимпијада во Абу Даби Специјалната олимпијада во Абу Даби Специјалната олимпијада во Абу Даби Специјалната олимпијада во Абу Даби Специјалната олимпијада во Абу Даби Специјалната олимпијада во Абу Даби Специјалната олимпијада во Абу Даби

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9491 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.