Почетна » Новости » Занимливости » „Ги воспитувам синовите да ги сакаат нивните сопруги повеќе отколку што ме сакаат мене“

„Ги воспитувам синовите да ги сакаат нивните сопруги повеќе отколку што ме сакаат мене“

Ники Пенингтон во интересен текст објаснува дека ги воспитува нејзините три сина да бидат самостојни мажи кои ќе ги сакаат нивните сопруги повеќе отколку што ја сакаат неа.

Популарната блогерка вели дека осамостојувањето на децата започнува од мели нозе и дека таа уште отсега се подготвува за моментот кога тие ќе имаат одделен живот со нивните избранички. Целта на Ники е да воспита деца кои ќе им бидат верни на сопругите и безусловно ќе ги сакаат.

Ники Пенингтон

Имам три сина и ги воспитувам да ги сакаат нивните сопруги повеќе отколку што ме сакаат мене.

Еден ден, секое од моите момчиња ќе ме остави за неа, а јас отсега се подготвувам да ги оставам во рацете на тие жени. Жени кои нема да имаат спомени од нив кога тие биле мали. Кои нема да им ја држат раката толку долго колку што им ја држев јас. Кои можеби нема да знаат дека ги поминав сите овие години, сите овие непреспани ноќи растејќи тип на мажи за кои тие сонувале.

Верувам дека осамостојувањето започнува кога тие се млади, не кога ќе пораснат. Затоа ми е потребно моите синови да знаат дека нивната мајка секогаш ќе биде тука... но, да сфатат дека нивната мајка нема засекогаш да биде една и единствена.

И тоа е ОК.

Како мајка, моја работа е да им подарам убав живот полн со спомени и безусловна љубов. Да им помогнам да си постават цели и да веруваат во нивните соништа. Не е моја работа да им кажувам кого да сакаат.

Но, кога ќе направат избор, сакам моите синови да си ги сакаат нивните жени безусловно и без резервираност дека јас би можела да се чувствувам помалку сакана. Сакам секој од нив да знае дека е ОК да застане на нејзина страна и секогаш да биде покрај неа. Сакам таа да му стане една и единствена.

Моја работа е да воспитам мажи кои целосно ќе си ги сакаат нивните жени. Мажи кои никогаш нема да чувствуваат дека треба да избираат меѓу сопругата и мајката – и наместо тоа ќе знаат дека може и двете да нè сакаат. Сакам да знаат дека ако повеќе си ја сакаат жената, не значи дека не ме сакаат мене. Тоа значи дека сум го воспитала секој еден од нив да биде грижливиот сопруг кој ѝ е потребен на неговата сопруга, да биде маж кој ќе ја знае вредноста на неговата жена, да биде маж кој нема да чувствува дека треба да избира зашто изборот го направи на денот кога си ги разменија заветите.

Се надевам дека ги воспитав моите синови доволно добро за еден ден, ако се дојде до одредена ситуација, секој од нив да ја избере својата сопруга пред мене. Воспитувам синови кои ќе им бидат верни на нивните сопруги и јас нема да ги сакам помалку поради тоа.

Сакам моите синови да знаат дека јас го сакам оној што тие го сакаат. И дека без разлика на сè, јас секогаш ќе им бидам мајка – таму во далечината ќе ги охрабрувам момчињата кои ги израснав во мажи да ги сакаат своите сопруги повеќе и повеќе секојпат.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10616 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.