Почетна » Новости » Занимливости » Гест за пример: Маж држеше за рака и смируваше 96-годишна бабичка која се плашеше од летање со авион

Гест за пример: Маж држеше за рака и смируваше 96-годишна бабичка која се плашеше од летање со авион

Прекрасен гест на еден маж кој тешеше исплашена бабичка за време на лет ќе ви го згрее срцето.

Добродушниот кавалер ѝ дозволил на 96-годишната старица да го држи за рака и да го прегрнува секојпат кога имало турбуленции, истовремено упатувајќи ѝ утешителни зборови за време на целиот лет.

Маж и бабичка

Оваа сторија заедно со фотографиите ја сподели Меган Ешли, која седела покрај нив во авионот. Прочитајте ја нејзината порака:

На мојот лет од Сан Диего до Нешвил денес, наспроти мене седеше 96-годишна старица која немаше летано со авион 15 години. За нејзиниот роденден, таа сакаше да оди во Канзас Сити за да си ја види фамилијата, но беше исплашена од летањето.

Таа го замоли мажот кој седеше до неа да го држи за рака додека полетуваа и потоа го прегрна повторно кога имаше турбуленции.

Овој кавалер со задоволство ја зеде нејзината рака и ѝ дозволи да го држи, ја смируваше зборувајќи со неа и објаснувајќи ѝ сè што се случуваше. Едноставно беше странец кој беше тука за неа.

Тој знаеше што треба да прави во текот на целиот лет. Ѝ помогна да оди во тоалетот и ја набљудуваше додека одеше по патеката.

Овој маж беше како нејзин ангел. Ѝ ја држеше торбата, ѝ помогна да слезе од авионот и да седне во инвалидската количка и кога таа беше збунета, прашувајќи каде отиде нејзината ќерка, тој остана со неа сè додека не се сретнаа со ќерка ѝ.

Солзи-радосници ми течеа додека се оддалечував, благодарна за луѓето како што е овој прекрасен човек. Таа му беше толку благодарна што му ги нудеше нејзините грицки за време на летот.

Ти симнувам капа тебе господине, за твоето љубезно срце и за сочувството кон некого кого никогаш претходно не си го сретнал. Никогаш не сум била толку трогната за време на лет. Ова навистина ми ја разубави неделата.

Маж и бабичка

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.