Војвотката Кетрин и принцот Вилијам ја започнаа официјалната турнеја во Пакистан. Синоќа, кралскиот пар слета во воздушната база во Равалпинди.


37-годишната припадничка на британското кралско семејство носеше шалвар-камез, традиционална пакистанска облека, во комбинација со панталони од дизајнерката Кетрин Вокер. Својот стајлинг, таа го комплетираше со салонки од Руперт Сандерсон.






Со својот изглед, Кетрин потсети многумина на изгледот на принцезата Дијана за време на нејзината посета во Пакистан во 1996 година.

Парот беше пречекан од министерот за надворешни работи Шах Мехмуд Куреши и неговата сопруга.




Целта на посетата е да се зајакнат врските помеѓу двете нации. „Секогаш можете да сметате дека Велика Британија ќе продолжи да игра важна улога како клучен партнер и пријател“– изјави Вилијам по пристигнувањето.
Денес, Кетрин и Вилијам ја истакнаа важноста на образованието и менталното здравје преку посета на училиште во главниот град Исламабад. Војвотката од Кембриџ носеше традиционална сина курта (кошула) и марама од локалниот дизајнер Махин Кан.





















