Почетна » Новости » Занимливости » „Во ред е да си уморен, во ред е кога таа плаче во твоите раце“: Искрена порака за сите прекрасни татковци

„Во ред е да си уморен, во ред е кога таа плаче во твоите раце“: Искрена порака за сите прекрасни татковци

Татковците често не ја имаат истата поврзаност со бебенцата како мајките, па неретко се прашуваат дали прават доволно за нивните дечиња и дали се добри родители.

Артистот Јехуда Ади Девир и неговата сопруга Маја споделија илустрација заедно со искрена порака посветена на сите прекрасни татковци ширум светот.

Илустрација

Прочитајте ја:

Во ред е.

Во ред е кога таа плаче во твоите раце.

Во ред е кога таа ја бара само мајка ѝ.

Во ред е што не можеш да ја заспиеш.

Во ред е кога сè уште не го разбираш твојот статус.

Во ред е што ја немаш таа поврзаност за која сите зборуваат.

Во ред е што сè уште не ја разбираш суштината на твојата работа.

Во ред е ако не можеш да ја насмееш.

Во ред е да си уморен.

Во ред е да си нервозен.

Во ред е ако нештата не успеат за тебе.

Во ред е да побараш прегратка.

Во ред е да споделуваш со партнерот сè низ што поминуваш, дури и ако не изгледа мажествено.

Во ред е тоа што животот ти се промени.

Во ред е што твоите планови се откажаа.

Во ред е што немаш време за ништо.

Во ред е да се чувствуваш слабо.

Во ред е да ти се менува расположението.

Во ред е да се чувствуваш осамено.

Во ред е да побараш помош.

ВО РЕД Е...

Креативниот артист од Тел Авив се прослави со забавните илустрации во кои прикажува ситуации од секојдневието со саканата, а сега и со малата ќеркичка.

Илустрации Илустрации Илустрации Јехуда Ади Девир Јехуда Ади Девир Јехуда Ади Девир Илустрации

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11070 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.