Почетна » Новости » Занимливости » Во потрага по совршеното топло чоколадо

Во потрага по совршеното топло чоколадо

Што е подобро од темното чокoладо? Одговорот е едноставен: топлото чоколадо. Уште во времето на Ацтеките луѓето сакале да се разгалуваат себе си со топли слатки напивки како што е топлото чоколадо, неговата примена во Европа дошла преку Мексико каде за кратко време станало многу популарно, а се чини не случајно неговата распространетост и обожување не стивнува и до денес.

Но, колку и едноставно да звучи неговата подготовка е важна за да се добие посакуваната густина, текстура и вкус. Во потрга по вистинското топло чоколадо скроено по мерка на боговите дојдовме до традиционалниот рецепт на италијанскиот бренд Тонино Ламборџини кој користи специфично и високо квалитетно какао. Оваа совршено избалансирана напивка ќе ги разгори вашите сетила во ладните зимски денови, а вкусот ќе остане запоменет и ќе посакате повторно да го почувствуате.

Ламборџини

Спакувано во елегантна метална кутија која совршено ја чува неговата свежина и квалитет Тонино Ламборџини топлото чоколадо се состои од 25-30 грама чоколаден прав со 120 грама млеко. Доколку сакате погуста структура тогаш додадете помалце млеко или пак ако сте расположени за полесна слатка напивка направете го поретко со повеќе млеко, изборот е ваш.

Ова луксузно слатко доживување доаѓа во две пакувања од 500 грама и 1кг. За повеќе информации посетете ја официјалната веб страница: http://lamborghini-lounge.com/products/chocolates или http://www.aegroup.mk/ ; https://www.facebook.com/aegroup.mk/

Промотивен текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11211 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.