Почетна » Новости » Занимливости » Вирална фотографија со лимони им помага на жените да ги препознаат симптомите на рак на дојка

Вирална фотографија со лимони им помага на жените да ги препознаат симптомите на рак на дојка

Фотографија од 12 лимони стана вирален хит на социјалните мрежи откако девојка со рак на дојка ја сподели на Facebook за да ја подигне свеста за оваа болест.

Ерин Смит Чиз била револтирана од иницијатива за подигнување на свеста за рак на дојка, која барала од луѓето да споделуваат срциња на Facebook, бидејќи со тоа на никаков начин не им се помагало на жените. Наместо тоа, Чиз споделила фотографија слична на онаа која нејзе ѝ помогнала да препознае дека има рак.

Лимони

На неа се претставени 12 лимони со визуелни симптоми на рак на дојка, бидејќи како што вели Ерин, тој не е секогаш опиплив. Симптомите се:

  1. Тврда маса во дојките
  2. Вдлабнатина на дојката
  3. Ерозија на кожата
  4. Црвенило или воспаление на дојката
  5. Необичен исцедок од брадавицата
  6. Нерамна (избраздена) кожа
  7. Оток
  8. Испакнати (видливи) вени
  9. Вовлечени брадавици
  10. Невообичаена форма/големина
  11. Кожа како кора од портокал
  12. Невидлива грутка

Еве дел од текстот на Ерин:

Во последниве неколку дена, примив многу лични пораки за „игра“ во која треба да постираш срце, а потоа суптилно треба да изјавиш дека е за подигнување на свеста за рак на дојка. Ова е мојот одговор на овие пораки:

Еднаш некој објави фотографија на Facebook од тоа како може да изгледа ракот на дојка. Не како да се почувствува, туку како изгледа. Во декември 2015, кога видов вдлабнатина која изгледаше како на една од фотографиите, веднаш знаев дека имам рак на дојка. Се обидов да почувствувам тумор, но мојот тумор не беше опиплив. Пет дена подоцна, ми беше дијагностициран рак на дојка, а следниот месец, рак на дојка во четврт стадиум. Срце не прави ништо за зголемување на свеста.

Знаев што е тоа рак на дојка. Знаев сè за самопрегледи, но фотографијата од она што требаше да го барам, беше клучна за да сфатам дека имам неизлечива болест. Треба да даваме ВИСТИНСКИ информации, а не слатки срциња. Ако не видев случајна фотографија со вистински информации, немаше да знам што да барам. Направете ни услуга, престанете да си играте игри со нашите животи и започнете вистински да им помагате на луѓето.

Ова е фотографија која ја најдов, а е слична со онаа која ја видов тогаш. ВЕ МОЛАМ, престанете да си играте игри кои на никој начин не ја подигнуваат свеста. Па, ако навистина сакате да им помогнете на луѓето кои имаат рак, или на оние кои ќе заболат од рак, споделувајте фотографии како оваа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11172 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.