Почетна » Новости » Занимливости » Викторија Лоба зборува со автомобил, со новата Mercedes-Benz А-Класа

Викторија Лоба зборува со автомобил, со новата Mercedes-Benz А-Класа

Разговорите меѓу луѓето и автомобилите во минатото беа дел само од научно фантастичните филмови. А сега, иднината пристигна и тие се реалност.

Со инвентивна презентација, во Македонија беше претставен првиот Mercedes-Benz автомобил кој е способен да зборува со возачот и да ги учи неговите желби и навики.

Првиот разговор со новата А-Класа го направи секогаш шармантната Викторија Лоба, која беше облечена во црвена креација од ателје Коцарева. 29-годишната пејачка и детално го претстави новиот автомобил, за кој истакна дека е најаеродинамичниот во својата класа и со најмногу вградени системи за безбедност во светот.

Викторија Лоба

Зборувајќи со Mercedes A-Класата, Викторија преку едноставни реченици успеа да ја прилагоди температурата во возилото, да избере омилена радиостаница, да направи телефонски повик и да го отвори сончевиот покрив.

Ваквата комуникација е овозможена благодарение на новиот систем - Mercedes-Benz User Experience (MBUX), со кој Mercedes најавува нова ера на дигиталната комуникација.

Викторија Лоба

Што се однесува до технолошката напредност, луксузот и удобноста, таа ја презентираше внатрешноста на автомобилот кој веќе нема класична инструмент табла, туку има два дигитални екрани со големина од 10 инчи и може да се ракуваат со допир, потоа внатрешност што може да се обои во 64 различни бои, а за оние што сакаат вистинско уживање може да нарачаат масажери, вградени во седиштата.

Викторија Лоба

Зад спектакуларното откривање стои МакАутостар, генерален застапник на Mercedes-Benz во Македонија. Инаку, новата A-Класа беше претставена пред јавноста откако претходно беше скриена во мистериозна црна кутија со тајмер во Сити Мол која предизвика огромно внимание во јавноста и на социјалните мрежи.

„Доаѓањето на нешто сосема ново, како што е Mercedes А-Класата, автомобил што зборува со возачот значи поинаков начин на размислување, а тоа е симболиката на ова претставување, да се размислува Out of the box”, изјави директорот за маркетинг на МакАутостар, Владица Кокаловиќ.

Викторија Лоба Викторија Лоба Викторија Лоба Викторија Лоба

На линкот се достапни повеќе информации за новата Mercedes A-Class.

Викторија Лоба

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10398 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.