Тереза Ромер поседува еден од најлуксузните плакари во светот. Просториите каде таа ги складира облеката и модните додатоци се протегаат на три ката на површина од 280m2.
58-годишната Американка е голема љубителка на скапите Биркин чанти, чија цена се движи од 12.000 до 500.000 долари. „Имам повеќе од 60 Биркин чанти, но ги сакам и чантите од Шанел, Фенди и Диор“ – вели таа.
Тереза има 75 пара обувки од својот омилен дизајнер Кристијан Лобутин и ги чува на посебен ѕид од својот плакар.
„Ако не го гледам, нема да го носам. Затоа мора да гледам сè“ – признава таа.
ВИДЕО:
Ромер одржува хуманитарни настани во својот плакар.
„Отсекогаш имав убави плакари, независно во која куќа живеев. Секогаш кога одржувавме хуманитарен настан, жените земаа чаша шампањ и ми велеа: ‘Може ли да одиме да ти го видиме плакарот’. Па завршувавме седејќи на подот од плакарот и ни беше убаво. Си реков зошто да не изградам плакар во кој всушност ќе можеме да ги одржуваме хуманитарните настани“ – објаснува Тереза.
Во една хуманитарна вечер, биле собрани околу 100 жени.







