Тереза Ромер поседува плакар кој е значително поголем од просечен дом. Луксузниот плакар на Ромер се протега на површина од 280m2, а чини неверојатни 500.000 долари.
Облека, модни додатоци и козметички производи од престижни модни брендови ги исполнуваат полиците на плакарот кој е на три ката.



Посебно место имаат скапите Биркин чанти, чија цена се движи од 7.500-150.000 долари. „Имам повеќе од 60 Биркин чанти, но ги сакам и чантите од Шанел, Фенди и Диор“ – изјавила таа во интервју за Neiman Marcus. Еден од најомилените дизајнери на обувки на Ромер е Кристијан Лобутин.
На прашањето кој има дозвола да го користи плакарот, Ромер одговорила: „Ќерка ми секогаш вели дека нема потреба да шета низ продавници, дека секогаш може да пазарува во мојот плакар. И се разбира, на неколку специјални пријателки им дозволувам да ги позајмат моите Биркин чанти.“





Тереза неретко е критикувана поради безумно големиот плакар, но таа вели дека го користи за хуманитарни забави. „Еден маж од мојата улица има гаража која собира 28 автомобили, затоа што е колекционер на автомобили и никој не му е лут, а тој не организира хуманитарни забави“ – рекла Ромер, која поседува своја компанија.





