Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Романтичар ја запросил саканата 148 пати без таа да забележи

ВИДЕО: Романтичар ја запросил саканата 148 пати без таа да забележи

Романтичен маж доби море од комплименти за својот долг, но сладок предлог за брак.

Реј Смит отсекогаш знаел дека сака да го помине животот со својата сакана Клер Бремли, но откако таа забременила, Реј одлучил да ја побара на оригинален начин. Секој ден, 38-годишниот Англичанец правел по една „селфи“ фотографија со својата 33-годишна девојка, криејќи ја пораката „Дали ќе се омажиш за мене?“ некаде во кадарот.

За Клер да не се посомнева, тој ѝ велел дека ја документира нејзината бременост. Среќната трудница воопшто не претпоставувала дека нејзиниот сакан секој ден, цели пет месеци тајно ја барал за жена.

Конечно, на Божиќ, Реј ѝ ги покажал фотографиите на Клер и официјално ја прашал дали ќе се омажи за него. Се разбира, одговорот бил „ДА“.

„Те сакам Клер Бремли и ја сакам секоја секунда со тебе. Поминавме одлични времиња и создадовме незаборавни спомени. Секој ден, од 31 јули 2015 наваму се прашував како, кога и каде би требало да ти го поставам најважното прашање на светот, а тоа прашање е...“ – пишува на почетокот на видеото по што следуваат фотографиите на Реј.

Погледнете го видеото:

Реј и Клер Реј и Клер Реј и Клер Реј и Клер Реј и Клер Реј и Клер Реј и Клер Реј и Клер Реј и Клер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11709 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.